Индија испраќа официјални претставници во САД, Јапонија и Швајцарија за проучување криптовалути и ICO

Одборот за хартии од вредност на Индија (SEBI) организираше посета на други држави за своите претставници да ги проучуваат криптовалутите и иницијалните монетарни понуди (ICO), според својот годишен извештај од 2017-18-та.

Индискиот регулатор известува дека властите веќе спровеле “студиски патувања”, особено за да проучат криптовалути и ICO во Japan’s Financial Services Agency (FSA), U.K. Financial Conduct Authority (FCA) и Swiss Financial Market Supervisory Authority (FINMA).

Надворешните студиски патувања, наводно, се случуваат за да им помогнат на службениците “да се вклучат со меѓународните регулатори и да стекнат подлабоко разбирање за системите и механизмите”, стои во документот.

Овој извештај не е првпат Индиските власти да го изразат својот интерес за начинот на кој другите земји пристапуваат кон криптовалутите. На пример, Reserve Bank of India (RBI), исто така, го објави својот годишен извештај 2017-18-та, во кој таа привлекува внимание кон различни типови на крипто-регулации ширум светот, фокусирајќи се особено на Јапонија и Јужна Кореја.

Како што Cointelegraph објави на 30-ти август, наведувајќи го годишниот извештај, RBI моментално ја разгледува можноста за издавање на дигитална валута на централната банка поддржана од рупии.

Извештајот на SEBI е во контекст на контроверзната одлука на RBI која стапи на сила на 5-ти јули и подразбира забрана за работење на банките со бизниси и лица поврзани со крипто.

Индискиот Врховен суд го потврди ограничувањето на RBI се до расправата во јули, која подоцна беше одложена до 11-ти септември. Судот, исто така, одлучи да не даде привремена помош на оние засегнати со забраната.

Leave a comment