Индиската централна банка тврди дека крипто “не е валиден” како валута во судски спор

The Reserve Bank of India во средата тврдеше пред Врховниот суд на државата дека биткоинот не може да се признае во земјата.

Во случај кој беше донесен од страна на голем број платформи за крипто-размена против Индиската централна банка за блокирање на нивниот пристап до банкарските услуги пред пет месеци, RBI изјави во заверена изјава дека постојното законодавство значи дека криптовалутите не може да се сметаат као валути или пари.

RBI изјави:

“Се поднесе образложение дека криптовалутите не се вистински валути. Понатамошно е наведено дека RBI не ги смета виртуелните валути како што е биткоинот како “валута”според постоечките закони. Не постојат одредби за овозможување според постојниот закон да се третира Биткоин како валута.”

Понатаму, според извештајот на CNN’s News 18, RBI продолжи со изјавата дека, бидејќи криптовалутите се peer-to-peer мрежи и не се контролирани од даватели на услуги, “Тие дури и не можат да се сметаат за валиден систем за плаќање”.

За да биде признаена како “валидна валута”, банката вели дека средствата треба “да поседуваат идентични или слични карактеристики на чекови, поштенски налози и парични налози”.

Следното сослушување за случајот е закажано за 17-ти септември, велат новински извори.

Во април, централната банка им нареди на домашните банки и финансиски институции да престанат да работат со платформите за крипто-размена во земјата во рок од три месеци.

Подоцна истиот месец беше поднесена петиција против RBI од Kali Digital Ecosystems, Индиска фирма која планираше да отвори платформа за размена наречена CoinRecoil во август.

Според текстот на петицијата, Kali барале “соодветен налог, пресуда или насока што ја ќе ја поништи одлуката на [RBI]”. Тие наведоа дека забраната е “без основ и неуставна” и дека компанијата не може да почне со работа поради ограничувањата на RBI.

Оттогаш проблемот се решава со петиции од други платформи кои бараат укинување на забраната, која Врховниот суд истовремено ја разгледува.

Откако беше издадена одлуката на RBI, платформата беше принудена да ги намали услугите за рупија-во-крипто, потпирајќи се на крипто-во-крипто-тргување. Сепак, обемот на тргување е во голем пад и компаниите се сочуваат со несигурна иднина, освен ако судот не донесе одлука за поништување на забраната.

Leave a comment