Израелските безбедносни власти се свртија кон блокчејн за подобрување на сајбер безбедноста

Израелскиот орган за хартии од вредност (ISA) започна да користи блокчејн за да ја подобри сајбер-безбедноста на својот систем за пораки, објави вчера на 3-ти октомври, онлајн весникот Times of Israel.

Владиниот регулатор, наводно, ја вградил технологијата во систем наречен “Yael”, кој се користи за доставување на пораки и други информации до субјекти кои се под надзор на ISA.

ISA има натамошни планови за спроведување на блокчејн во два други системи, вклучувајќи го и онлајн системот за гласање, кој им овозможува на инвеститорите да учествуваат на ISA состаноци од странство, како и систем наречен “Magna” кој ги чува сите извештаи поднесени од страна на ISA-регулирани ентитети. Наводно, блокчејн решението кое го користи ISA, беше развиено од IT фирмата Taldor, според Times of Israel.

Како што е објаснето во публикацијата, технологијата може да обезбеди стабилни решенија за борба против измама, бидејќи може да се користи за да се потврди автентичноста на комуникациите, како и заштита од post-facto едитирање или несоодветно бришење.

Регулаторот е цитиран од страна на Times of Israel со изјавата дека транзицијата кон блокчејн “додава уште еден слој за да се обезбеди веродостојноста на информациите пренесени кон надгледуваните тела.” Покрај тоа, блокчејн системот може да докаже или да негира дека пораката е испратена од ISA.

Натан Хершковиц, директор на Одделот за информациски системи на ISA, изјави дека потегот за интегрирање на блокчејн се усогласува со “растечкиот тренд низ светот, а особено во финансиското поле.”

Швајцарија и Израел неодамна се согласија да го споделат своето искуство за регулирање на блокчејн индустријата, при што Швајцарскиот државен секретар за меѓународни финансиски прашања, Јерг Гасер, изјави дека планира да подготви извештај во кој ќе бидат наведени општите препораки за разгледување од страна на Израелската влада.

Израелското Министерство за финансии, од своја страна, изјави дека двете земји се согласиле да споделуваат белешки за fintech регулациите, вклучително и насоки за криптовалути и борбата против перењето пари (AML).

Leave a comment