Измами, Сатоши, Tesla: Сложениот однос на Елон Маск со крипто

Минатата недела, технолошкиот претприемач и извршен директор на Tesla Елон Маск изјави дека структурата на Биткоин (BTC) е “сосема брилијантна”, додавајќи дека дигиталната валута е “далеку подобар начин да се пренесе вредноста отколку парче хартија”.

Тоа беше можеби до сега наједноставниот коментар за криптовалути и блокчејн кажан од Маск, бидејќи тој вообичаено се обидува да ја избегне оваа тема. Меѓутоа, технолошкиот магнат и криптовалутите до сега имале неколку средби – и покрај тоа, со оглед на претходното искуство на Маск во PayPal, тој не можеше да не го искоментира иновативниот метод за дигитално плаќање.

Еве како неговиот однос со крипто еволуирал од 2014-та година, кога се појавија неговите први коментари за Биткоин.

Октомври, 2014-та: Елон Маск тврди дека Биткоин најмногу ќе се користи за нелегални трансакции

На 8-ми октомври 2014-та година, Маск беше интервјуиран од Валтер Исаксон на сцената на New Establishment Summit организиран од страна на Vanity Fair. Во одреден момент, Исаксон го праша директорот на Tesla дали мислел дека Биткоин ќе биде проблем за fiat валутите, на што тој одговори:

“Мислам дека Биткоин е веројатно добра работа. Мислам дека првенствено ќе биде средство за правење нелегални трансакции. Но, тоа не е целосно лошо. Знаете, некои работи можеби не треба да бидат незаконски.”

Маск потоа додаде:

“Биткоин ќе биде корисен за легални и нелегални трансакции. Инаку, нема да има вредност како употреба за нелегални трансакции, затоа што мора да имате легално-кон-нелегално мост”.

По овие коментари на претприемачот тој откри дека воопшто не поседувал Биткоин.

Ноември 2017-та: Маск појаснува дека он не е Сатоши, но дека поседува “дел од Биткоин”

На 22-ри ноември, Сахил Гупта, кој наводно бил поранешен практикант во SpaceX, напишал статија за Medium во која шпекулира дека Маск сепак може да е Сатоши Накамото, оригиналниот креатор на Биткоин.

Поточно, Гупта го нагласи познавањето на Маск во економијата, искуството во производство на софтвер и историјата на иновациите за да се претпостави дека Маск би можел да измисли Биткоин.

Теоријата беше многу наскоро демантирана од самиот Маск, кој напиша на Twitter дека предлогот на Гупта “не е вистина”. Сепак, извршниот директор на SpaceX додаде дека сега има “дел од Биткоин”, испратен од негов пријател пред неколку години.

Декември 2017-та: Маск вели дека никогаш не слушнал за Биткоин

На 22-ри декември, Нираж K. Агравал, вработен во непрофитна крипто-истражувачка институција CoinCenter, излезе на Twitter за да го праша Маск дали го создал Биткоин, на кој технолошкиот тајкун одговори дека “никогаш не слушнал за тоа”, постирајќи го коментарот со линк од сатиричен напис на  The Onion насловен како “Навлегување во Биткоин ги открива можните слабости во лудите имагинарни интернет-пари”.

Јануари 2018-та година: Маск со референца околу крипто возбудата за да испромовира пламенофрлач

Во јануари 2018-та година, кога главните altcoins беа на својот врв по рекордното искачување на Биткоин, Маск ја искористи последичната крипто-возбуда за да го промовира пламенофрлачот што го направи неговата фирма за градежништво на тунели наречена Boring Company.

Февруари 2018та: Маск ги коментира крипто измамите на Twitter, откривајќи и колку Биткоин поседува

Во февруари минатата година, извршниот директор на SpaceX се осврна на еден зголемен тренд на Twitter, во кој измамници се претставуваат како познати личности како Маск или Доналд Трамп и ги мамат корисниците да им испратат криптовалути.

Одговарајќи на еден од твитовите во кој прашуваа зошто таквото спамирање е толку распространето, Маск тврдеше дека веќе контактирал со извршниот директор на Twitter, Џек Дорси во врска со овој проблем.

“Јас буквално поседувам нула криптовалути, освен тие 25 Биткоини кои ми ги испрати еден пријател пред многу години”, открива тој, чија изјава се поклопува со горенаведениот коментар за сумата која ја поседува во крипто.

Во тоа време неговите BTC токени изнесуваа околу 2.531 долари. Од сега, тој број ќе биде уште поскромен, и изнесува околу 975 долари.

Интересно е тоа што само неколку дена пред твитот на Маск, софтверскиот контејнер на Amazon Web Service (AWS) на Tesla беше хакиран од страна на крипто хакери. Поконкретно, измамниците пристапиле до AWS пристапните ингеренции со пробивање на софтверски контејнер Kubernetes кој не бил заштитен со пасворд. Потоа, го користеле тој контејнер за фармање на Биткоин. Нападот бил добро координиран, бидејќи хакерите поставиле сопствен софтвер за базен за фармање, а потоа ја поврзаа злонамерната скрипта со “непроверена” крајна точка и ја задржаа нивната употреба на процесорот на ниско ниво за да не бидат забележани.

Пред тоа, во декември 2017-та година, сопственик на електричен автомобил на Tesla S објави дека фармал Биткоин со компресорот на својот автомобил, поставувајќи апаратура за фармање во багажникот.

Март 2018-та: Маск е забележан како држи книга за криптовалути

Во март, на интернет се појави фотографија од Маск со книга во рацете наречена “Криптовалути, едноставно објаснети”. Сликата била сликана на South by Southwest фестивал, каде претприемачот, наводно ја земал од толпата за да ја потпише. Според авторот на книгата, Џулијан Хосп, Маск ја зачувал книгата.

Октомври 2018-та: Маск се шегувал за продажба на Биткоин и добил забрана од Twitter

На 22-ри октомври извршниот директор на Tesla предизвика некои гласини за вмешаноста на неговата компанија во криптовaлути со објавување на твит во кој изјави дека “сака да купи биткоин”. Сликата прикачена на постот била преземена од веб-страницата Cryptocurrency Girls, која ги прикажува главните криптовалути како аниме карактери.

Подоцна, Маск потврди дека било шала. “Јас само се шегував”, изјави тој за време на неодамнешниот подкаст на кој беше домаќин фирмата за советодавни услуги ARK Invest. “Биткоин и Ethereum измамниците беа толку распространети на Twitter, што решив да се приклучам и јас на забавата и во еден момент пишав дека сакам да купам малку Биткоин.”

По твитот, акаунтот на претприемачот беше кратко суспендиран “поради некои автоматски правила против продажба на Биткоин или нешто слично”, како што објасни тој.

Ноември 2018-та година: Измамници украле 157.000 долари во крипто, одкако хакнале верификувани Twitter акаунти

На 5-ти ноември, Британската новинска агенција Telegraph објави дека измамници украле 120.000 евра (околу 157.000 долари), откако лажно се претставиле како Маск и промовирале лажни крипто подароци на Twitter.

Конкретно, хакерите ги хакнале Twitter акаунтите на трговецот на облека Matalan и Pathé UK, Британската поддружница на Француската филмска компанија, и објавиле пораки во кои рекламираат подароци. Бидејќи двата акаунта биле верификувани, нивните следачи поверувале.

Во постот стоеше дека Маск ја напушта Tesla и го подарува бесплатниот Биткоин преку типична форма за Twitter измамите поврзани со крипто: следачите беа охрабрени да испратат мала количина на Биткоин на дадена адреса на паричник и ветија многу поголема сума за возврат.

Според извештајот на Telegraph, повеќе од 300 луѓе биле жртви на оваа измама.

Февруари 2019-та: Маск изјави дека структурата на Биткоин “е сосема брилијантна”, додавајќи дека “и Ethereum има свои добри квалитети”

На 19-ти февруари, ARK Invest објави подкаст во кој гостуваше Маск, кој јасно го искажа својот став за криптовалутите, и – за првпат од 2014-та година – кажа некои сериозни коментари на оваа тема. Меѓутоа, во почетокот, кога интервјуерот побарал од Маск да излезе надвор од темата и да зборува за криптовалути, Маск почнал да се смее. “Крипто? Сериозно?” извика тој.

Како и да е, како одговор на прашањето дали Биткоин ќе стане единствената основна криптовалута на интернетот, Маск изјави:

“Мислам дека структурата на Биткоин е сосема брилијантна. Се чини дека и Ethereum има свои квалитети, а можеби и некои од другите исто така.”

Маск потоа нагласи дека “не би било добро да се користат ресурсите на Tesla за да се вклучат во крипто”, бидејќи неговата компанија “се обидува да го забрза напредувањето на одржливата енергија”. Така, тој ја посочи високата енергетска потрошувачка на крипто како еден од неговите недостатоци:

“Еден од недостатоците на крипто по пресметка, е дека е доста енергетски интензивен. Значи мора да има некакви ограничувања за создавањето на крипто. Но, моментално се троши премногу енергија да се создаде еден поединечен биткоин.”

Што се однесува до добрите страни на крипто, Маск забележа дека му се допаѓа способноста на криптовалутите да ја пренесат вредноста и како ги  заобиколуваат валутни контроли:

“Ги заобиколува контролите на валути. Парите на хартија си одат, и крипто е далеку подобар начин за да се пренесе вредноста од едно парче хартија. Тоа е сигурно.”

Leave a comment