Извршниот директор на Wall Street Мајк Новограц: Масовното усвојување на блокчејн ќе се случи за 5 до 6 години

Поранешниот извршен директор на Wall Street, Мајк Новограц, неодамна претскажа дека масовното усвојување на крипто и блокчејн е “ќе се случи за пет до шест години”, се објави во извештајот на медиумите што известуваат за блокчејн и други технологии.

Говорејќи на Beyond Blocks конференцијата во Јужна Кореја, Новограц, извршен директор и основач на крипто-инвестициската фирма Galaxy Digital, изрази уверување дека многу институции “во наредните две до три години”, ќе влезат во индустријата тврдејќи дека “без тоа ние само ќе се вртиме во кругови.”

Сепак, масовното усвојување на крипто и блокчејн технологијата нема да се случи порано од половина деценија, додаде Новограц.

“Вие нема да видите масовно посвојување се додека корисничкото искуство не престане да се чувствува како нешто ново и тоа е тек за пет до шест години”.

Новограц објасни дека една од главните пречки на патот кон широко распространетото усвојување е зголемениот “трошок за технички талент”, како и сомневањата на конвенционалните инвеститори, кои се оптоваруваат со “нејасниот преседан за финансиската индустрија”:

“Размислете како работат институционалните инвеститори. Тешко е да му кажете на вашиот шеф: “Имам пари на места за кои никогаш не сте слушнале.” Ви треба доверлив, познат чувар  – Јапонската банка или HSBC или ICE или Goldman Sachs- за да им се овозможи на институционалните инвеститори да се чувствуваат удобно”.

Инвестициониот банкар ја истакна важноста на соодветниот регулаторен пристап на теренот од страна на владата, и ја повика мејнстрим публиката да навлезе во блокчејн и крипто, додавајќи дека не е неопходно корисниците да ја разберат детално техниката.

Новограц тврдеше дека иако финансиските регулатори главно се концентрирани на професионални институции, како JPMorgan и Goldman Sachs, индустријата најчесто се базира на инвеститори на мало. Тој понатаму посочи дека регулаторите треба да бидат повеќе фокусирани на малопродажниот сектор, наместо на големите професионални институции.

Рангиран како еден од најбогатите луѓе оваа година, Новограц работеше во Goldman Sachs и Fortress Investment Group, пред да ја лансира крипто-трговската банка Galaxy Digital  во јануари 2018-та година.

Инвестициониот банкар е познат по тоа што предвидуваше дека биткоин (BTC) ќе се искачи до 10.000 долари вредност до крајот на 2017-та година, додека Ethereum (ЕТH) ќе се затвори на 500 долари. Наместо тоа, најголемите криптовалути поминаа двојно повеќе, со што BTC достигна до 20.000 долари во декември минатата година, а ЕТH над 1.300 долари.

Во мај Galaxy Digital соработуваше со Bloomberg со цел да го лансира Bloomberg Galaxy Crypto Index (BGCI).

Leave a comment