Извршниот директор на Twitter, Џек Дорси, сé уште верува дека Биткоин ќе биде валутата на Интернетот

Ко-основачот и извршниот директор на Twitter, Џек Дорси, повторно изјави дека верува дека Биткоин (BTC) ќе биде домашната валута на интернетот. Дорси ги даде своите коментари за време на интервјуто со американскиот комичар и подкаст-домаќин Џо Роган, објавено на 2-ри февруари.

За време на интервјуто, Дорси изјави:

“[Биткоин] беше нешто што се роди на интернет, кое беше развиено на интернет, кое беше тестирано на интернет … Тоа е производ на интернетот”.

Извршниот директор на Twitter претходно изјави слично тврдење во средината на мај 2018-та година дека го гледа Биткоин како избор за главна валута на интернетот.

Дорси е исто така основач и извршен директор на компанијата за мобилни плаќања Square, која им овозможува на своите корисници да тргуваат со Биткоин. Кога Роган го праша дали има некои планови за додавање на други криптовалути на апликацијата, Дорси одговори дека нема.

Square е именуван за Yahoo финансиска компанија на годината. Еден месец претходно, Square покажа дека генерирала 43 милиони долари во биткоин приход за третиот квартал на 2018-та година.

За време на интервјуто, Роган исто така, го праша од Дорси дали гледа напредок во однос на Биткоин, на што одговорил, предлагајќи “само да погледнеме во некои од големите банки и нивните размислувања за Биткоин”.

Дорси истакна дека “сите ги сакаат блокчејните, поради ефикасноста што може да ја создадат за нивниот бизнис и потенцијално нови бизнис линии”, но потоа сугерираше дека оваа технологија “секако се заканува на одредени услуги зад банките и финансиските институции, им се заканува на некои влади исто така…”

Дорси, исто така, прогнозираше дека интернет е транзиција кон систем во кој сите податоци кои се создадени ќе бидат постојано онлајн. Според него, “ова е она што блокчејн помага да се овозможи и ние треба да бидеме сигурни дека обрнуваме внимание на тоа.” Тој понатаму опиша како ја гледа иднината на интернетот:

“Ние се движиме кон свет во кој сè создадено постои засекогаш, дека нема централизирана контрола над тоа кој што гледа, дека овие модели стануваат целосно децентрализирани и сите овие бариери, кои постојат денес, не се толку важни”.

Видеото од интервјуто има околу 38 илјади дислајкови и 5,7 илјади лајкови. Најверојатно дека Роган ги избришал негативните коментари под Youtube видеото, повеќето корисници пишале еден коментар во кој укажуваат на тоа дека е копија од првично избришаниот коментар.

Leave a comment