Извршниот директор на Kasperksy: Криптовалутите се одлични но, сепак светот не е подготвен за нив

Јуџин Касперски, извршниот директор на гигантот за сајбер-безбедност Kaspersky, во едно неодамнешно интервју изјави дека “криптовалутите се одлична идеја, но светот сé уште не е подготвен за нив.” Касперски ја даде оваа изјава за веб-страницата за финансиски вести наречена Arabian Business  на 1-ви март.

Касперски понатаму елаборираше, дека тој верува дека во иднина – “можеби за 100 години” – светот ќе биде обединет под една влада, која пак ќе има единствена, дигитална валута. Според претприемачот, “светот мора да биде обединет ако сакаме да имаме шифрирани валути. Во моментов, владите ќе сакаат да ги контролираат.”

Тој, исто така, тврди дека во иднина, дигиталните валути ќе имаат мала конкуренција при употреба, бидејќи предвидува доминација на една единствена валута:

“И некои други валути исто така може да бидат достапни, но на глобално ниво валутата ќе биде унифицирана.”

Касперски, истакна дека верува дека идните валути ќе бидат дигитални, тврдејќи дека “денешните дигитални валути, како што е Биткоин (BTC), не можат да го заменат сегашниот финансиски систем.” Сепак, тој признава:

“Некои од идеите и техниките врз кои се базираат овие [крипто] валути може да се искористат за валутата во иднина со мала модификација, користејќи ја моќта на блокчејн технологијата.”

Касперски претходно изрази сличен поглед за крипто во минатото. Како што некои од медиумите објавија во декември 2015-та година, тој изјави дека иако “криптовалутите се одличен изум”, тој е убеден дека “геополитички овој свет сé уште не е подготвен за нивно користење”.

Истото мислење го дели и ко-основачот и извршниот директор на Twitter Џек Дорси, кој исто така смета дека во иднина гледа потенцијал за единствена, доминантна дигитална валута. Тој сепак, тврди дека таа глобална валута ќе биде Биткоин.

Leave a comment