Извршниот директор на Huawei: Зошто да чекаме на Facebook? Кина може да издаде своја Libra

Извршниот директор на Kинескиот технолошки гигант Huawei, смета дека Кина може да се натпреварува со Facebook за удел на пазарот со издавање сопствена дигитална валута.

Извршниот директор на Huawei: “Зошто да чекаме другите да ја издадат?”

Како што соопшти националниот новински медиум Sina, цитирајќи ја прес-конференцијата во Италија на 18-ти јули, Рен Женгфеи верува дека Кина лесно може да создаде дигитална валута со иста вредност како Libra на Facebook.

“Кина исто така, може да издаде таква валута. Зошто да чекаме другите да ја издадат? Моќта на една земја е секогаш посилна од интернет-компанија”, изјави тој, одговарајќи на прашање од Италијанскиот новинар за економија, Фабио Савели.

Коментарите следат по загриженоста од централната банка на Кина, Народната банка на Кина (PBoC), дека Libra во некои погледи може да претставува закана за економијата на земјата.

Пекинг развива сопствена дигитална валута

Претходно овој месец, директорот на PBoC, Ванг Ксин, изјави дека ако Libra најчесто е поврзана со американскиот долар, Кина ќе биде во неповолна положба.

“Ако е така, тоа ќе донесе низа економски, финансиски и дури и меѓународни политички последици”, тврди тој.

Пекинг, наводно, е во процес на развивање на сопствена дигитална валута, додека точните детали за нејзините случаи на употреба остануваат непознати.

Во меѓувреме, САД сé уште се справува со понудата на Facebook, откако директорите на Конгресот беа испрашувани минатата недела. Libra се уште не е издадена, што доведува до критики од крипто индустријата дека законодавците се обидуваат да го задушат новиот производ пред воопшто да биде пуштен во употреба.

“Ние ги поставуваме регулациите пред иновациите – Facebook само ја најави Libra; тие сè уште не можат да ја испорачаат, а регулаторите ги следат будно”, изјави инвеститорот Тим Драпер за CNBC во понеделникот.

Leave a comment