Извештај: Facebook ќе го објави својот крипто проект овој месец

Гигантот на социјалните медиуми Facebook, наводно, ќе го објави својот крипто проект овој месец, дозволувајќи им на вработените да земаат дел од својата плата во монета, објави CNBC на 5-ти јуни.

Цитирајќи го извештајот од The Information, CNBC наведува дека Facebook, исто така, планира да ја отстапи контролата на криптовалутата на надворешни страни, со цел да се осигура дека дигиталното средство нема да биде целосно централизирано.

Надворешни рганизации наводно ќе платат околу 10 милиони долари за можност да дејствуваат како јазол – за да ги проверуваат трансакциите – во мрежата на токенот на Facebook.

Stablecoin-от за кој се шпекулира – наводно ќе биде интегриран како алатка за плаќање на WhatsApp, Messenger и Instagram – исто така ќе биде достапен преку физички машини слични на АТМ, вели The Information.

Сопствената криптовалута на Facebook беше предмет на многу шпекулации во текот на изминатите неколку месеци, бидејќи компанијата откри многу малку за проектот. Претходно оваа недела, Financial Times објави дека Комисијата за тргување со фјучерси на САД (CFTC) е во разговори со Facebook во врска со нивниот претстоен stablecoin.

Во мај, Facebook, наводно, се здобил со трговска марка “Libra” за таинствениот проект. Извори запознаени со ова прашање тврдеа дека Facebook регрутирал финансиски фирми за да помогнат со развој на монетата и дека проектното име е Libra.

Подоцна истиот месец, Facebook, регистрираше нова фирма за финансиски технолошки услуги, Libra Networks LLC, со трговскиот регистар на Женева во Швајцарија.

Leave a comment