Извештај: Пораст на побарувачката за таленти во блокчејн и крипто индустриите

Една неодамнешна студија од страна на сајтот за регрутирање Glassdoor објавена 18-та октомври покажа дека можностите за работа поврзани со крипто и блокчејн значително се зголемија во САД оваа година, и покрај падот на крипто цените.

Во текот на својата анализа, Glassdoor испитува голем број на онлајн објави за работа во САД, кои содржат клучни зборови поврзани со блокчејн, Биткоин (BTC) и криптовалути. За да се обезбеди поголема прецизност, компанијата исто така вклучи и поопшти термини поврзани со блокчејн, со исклучок на работни места од фирми за регрутирање на трети лица. За да ги процени платите, Glassdoor ја користеше својата “Know Your Worth“ алатка.

Според извештајот, од август 2018-та година имало 1.775 уникатни работни места во САД поврзани со блокчејн, додека во минатата година имало 446 слични огласи за работа, што претставува зголемување од 300 отсто за период од една година.

Најголем дел од работните места се концентрирани во 15 градови, вклучувајќи ги Њујорк и Сан Франциско, со 24 и 21 отсто од вкупните објави за работа. По нив следат Сан Хозе, Чикаго и Сиетл, со 6,5 и 4 проценти, соодветно. Најголемите 15 градови заедно сочинуваат 79 проценти од огласите за работа поврзани со блокчејн во САД, додека останатите 21 проценти се распоредени во остатокот од земјата.

Најчестите понуди за работни места по потреба се првенствено технички и инженерски, со софтверски инженер како јасен лидер, кој се состои од 19 проценти од вкупните огласи за работа. Пошироко, инженерските, технолошките и научните улоги претставуваат 55 проценти од вкупните работни места.

И покрај раководството на технолошките улоги, Glassdoor забележува потреба за менаџер на аналитички односи, продукт менаџер, аналитичар за ризик и маркетинг менаџерски улоги. Имено, таквите улоги како трговци и инвестициски аналитичари не се наведени во првите 15 занимања.

Во однос на доминантните работодавци на теренот, Glassdoor ја нагласува блокчејн софтверска компанија ConsenSys и IBM, со повеќе од 200 блокчејн работни места , како и крипто берзите Coinbase и Kraken, технолошката компанија Oracle и fintech фирма Figure. Гигантите за професионални услуги Accenture и KPMG, исто така, нудат работни места поврзани со блокчејн. Glassdoor забележа отсуство на вакви работни места од Facebook, Google и Apple.

Алатката “Know Your Worth” од Glassdoor покажа дека просечната основна плата во блокчејното поле е 84.884 долари годишно, што е 32.423 долари или 61,8 отсто повисока од просечната плата на САД од 52.461 долари годишно. Севкупно, платите се движат од 36.046 долари годишно до 223.667 долари годишно. Според извештајот, повисоките плати се објаснети со локацијата и природата на достапните работни места, додека професионалните занимања како софтверските вештините веќе бараат високи плати.

Во август, Cointelegraph извести за 50 отсто зголемување на бројот на работни позиции поврзани со блокчејн или криптовалути на азиските пазари – Австралија, Индија, Сингапур и Малезија – од 2017-та година, каде што програмерите вешти во програмскиот јазик Python се меѓу најпосакуваните апликанти.

Leave a comment