Извештај: Од 460 милиони Биткоин адреси, Само 37% “економски релевантни”

Само 37 проценти од биткоин адресите во неговата мрежа се “економски релевантни”, според извештајот објавен од страна на истражувачката фирма Chainalysis на 19-ти декември.

До денес, Биткоин блокчејнот формира мрежа од 460 милиони адреси, која може да ја испраќаат и примаат оваа монета, според Chainalysis. Поединец или правно лице може да има неограничен број Биткоин адреси.

Економски релевантните адреси се контролирани од поединци или служби кои моментално поседуваат Биткоин и претставуваат само 37 проценти – или 172 милиони адреси, додека само 27 милиони од нив всушност ја имаат криптовалутата.

Од анализата на Chainalysis, од 37% од адресите, 86% – или 147 милиони – се во сопственост на именувана услуга, како што е берза или darknet market. Како што е наведено понатаму, само 20 проценти од Биткоинската трансакциска вредност е економски трансфер. Останатите 80 проценти се наводно “вратени како кусур”.

Како што покажува графиконот на Chainalysis, за периодот од август до октомври 2018-та година биле извршени трансакции вредни околу 41 милијарда долари, додека само 9 милијарди долари имале вистинска економска вредност.

Chainalysis исто така покажа дека токму пред падот на пазарот во ноември, износот на Биткоин што течеше во лични крипто паричници беше во пораст, според Bloomberg. До 1-ви ноември, износот надмина 400 милиони долари, во споредба со помалку од 300 милиони долари во јуни. Ова беше наводно сигнал дека луѓето складирале Биткоин по пониски цени.

Во својата неодамнешна анализа објавена на 17-ти декември, истражувачката фирма Diar открила дека институционалните инвеститори се префрлиле кон поголеми ликвидни over-the-counter (OTC) на физички Биткоин пазари. Во 2018-та година, крипто берзата Coinbase, наводно, забележа зголемување од 20% во обемот на тргување со Биткоин во текот OTC периодите додека Биткоин инвестицискиот фонд на Grayscale забележа пад од 35 отсто во споредба со истиот период во 2017-та година.

Поголемиот дел од топ 25 биткоин-паровите за тргување, наведени на CoinMarketCap (CMC), се базираат на “грубо” надуени лажни волумени на тргување.

Leave a comment