Извештај: Некои апликации за крипто-фармање остануваат во Google Play Store иако неодамна беа забранети

Според извештајот на Next Web објавен на 28-ми август, неколку криптокулозни апликации за фармање остануваат во Google Play Store и покрај нивната забрана.

На 27-ми јули, Google ги забрани апликациите за крипто-фармање од Play Store. Во дел од апдејтот од девелоперската полиса на Google стои дека “ние на уредите не дозволуваме апликации што фармаат крипто”. Компанијата им даде на девелоперите на апликации за фармање 30-дневен грејс-период за да ги ревидираат своите производи со цел да се усогласат со новите услови.

Периодот на одложување помина, но некои апликации кои овозможуваат фармање на уредот се сè уште достапни на Play Store, според Next Web. Веб-сајтот наводно пронајде осум апликации, од кои три се отстранети. NeoNeonMiner, Crypto Miner PRO, Pickaxe Miner и Pocket Miner се сè уште на Google Play Store, додека Bitcoin Miner, наводно, тврди дека неговата понуда е во согласност со условите што ги воведе Google.

Додека MinerGate е отстранет од Play Store, неговите девелопери изјавиле за Hard Fork дека последната итерација на апликацијата ги избришала своите функции за фармање на уреди за да ги почитува правилата на Google. MinerGate изјави за Hard Fork во својот мејл:

“Фармањето на телефон директно беше меѓу основните карактеристики на апликацијата MinerGate пред последните промени во Полисата за развој на Google Play. Со последниот апдејт, ја отстрануваме оваа функционалност за да ги задоволиме барања на апдејтот.”

Претходно овој месец, Google Play Store содржеше пријавена Ethereum (ETH) измамна апликација. Лукас Стефанко, истражувач за малициозен софтвер од Словачка, наводно најде лажна апликација “Ethereum” на Google Play која беше понудена за купување по цена од 335 евра или околу 388 долари. Според истражувачот, апликацијата имала намера да ги измами неинформираните купувачи во купување на апликацијата, кои би ја помешале со оригиналната Ethereum валута.

Во април, Google исто така, објави дека ги отстранува екстензиите за фармање од својата  Chrome Web Store, откако “90 проценти” наводно не успеале да ги исполнат неговите правила. Овој потег, наводно, дојде како одговор на анализата на злонамерен “cryptojacking” присутен во екстензиите.

Leave a comment