Извештај: Крипто не е ефикасно за финансирање на терористички групи

Крипто и блокчејн индустријата “не е својствено незаконска и не треба да се плашиме од неа”, изјави директорот за анализа на Foundation for Defense of Democracies (FDD) Center во официјалното соопштение од Американската комисија за финансиски услуги на 7-ми септември.

Како што претходно беше објавено од страна на Cointelegraph, за време на состанокот на конгресното сослушување на подкомитетот за тероризам и нелегално финансирање, директорот за анализа на FDD CSIF, Јаја Фануси, тврдеше дека крипто е “ефтина форма на пари за џихадистите” и “дека повеќе преферираат кеш”. Според заклучоците на Фануси во извештајот, терористичките групи како што се Ал-Каеда, Исламската држава и други, немаат голем успех во собирањето средства преку криптовалути.

Во неодамна објавеното сведочење, Фануси побара криптовалутите и употребата на блокчејн да не се сметаат за недозволена активност, бидејќи тие можат да бидат распоредени и за “добро и за лошо”, исто како и “повеќето технолошки иновации”. Директорот на CSIF понатаму истакна дека и двете владини и невладини тела ја имплементираат блокчејн технологијата  со цел да го “унапредат својот интерес”, кој ги обврзува САД “да продолжат” со оваа технологија за да можат да се справат со поврзаните ризици.

Студијата ја споменува “првата” кампања за финансирање на тероризмот – “Jahezona”спроведена во 2016-та година во Појасот Газа – што беше јавно видливо на блокчејн. Кампањата за собирање средства беше раководена од група џихадисти наречени Mujahideen Shura Council, со цел да се соберат 2.500 долари за борците, давајќи опција да се плати во Биткоин (BTC). Групата, наводно, добила “нешто повеќе од 500 долари во Биткоин”.

Друг пример се однесува на милитантна група во Сирија наречена Malhama Tactical, која се обиде да собере средства на Twitter. Групата беше пронајдена од Узбекистанец кој служел во Руската војска пред да замине за да се приклучи кон бунтовниците во Сирија во 2013-та година. Кампањата, наводно, добила неколку трансакции и содржеше помалку од 100 долари во BTC вредност.

Фануси понатаму објаснува дека управувањето со големи количини на криптовалути бара специфични вештини, како што се “исклучително снаодливи во сајбер безбедноста”, што терористите во моментов може да ги немаат. Тој додаде дека нестабилноста на цените и ранливоста од хакери го прават користењето на криптото “непосаувана активност и кај широката јавност и во рамките на глобалните џихадисти”.

 

Leave a comment