Извештај: Кина светски лидер во блокчејн проекти

Кина, наводно, е светски лидер во бројот на блокчејн проекти во моментов, според Кинеските вести на англиски јазик China.org.cn на 2-ри април.

Цитирајќи го блокчејн извештајот, China.org.cn наведува дека во Кина има 263 проекти поврзани со блокчејн, кои сочинуваат 25 проценти од вкупниот глобален износ.

Ли Килеи, главен технолошки директор на платформата за блокчејн развивање Qulian Technology, наводно, изјави дека финансискиот сектор е најголем корисник на блокчејн технологијата, особено за секјуритизација на хартии од вредност за банки и брокери.

Крис Чрч, главен службеник за развој на бизнис во Њујоршката фирма Digital Asset во САД, наводно, ја истакна важноста на водење бизнис во и во близина на Кина, како што фирмата започнала да соработува со Hong Kong Exchanges and Clearing (HKEX). Чрч изјавил: “Една од причините поради која HKEX ни е толку важна е затоа што претставува портал до берзите на Кина”.

Минатата година, Светската организација за интелектуална сопственост објави дека повеќето пријави за патенти поврзани со блокчејн доаѓаат од Кина. Податоците собрани од Thomson Reuters од меѓународната организација за патенти покажаа дека повеќе од пола од 406 патенти во 2017-та година биле од Кина: земјата поднесе 225 блокчејн патенти, по која следат САД (91) и Австралија (13).

Неодамна, China Shipbuilding Industry Company Limited, подружница на превозниот гигант China Shipbuilding Industry Corporation, потпиша договор со Shanghai Bank, so која ќе  истражуваат како може да се примени блокчeјн во финансирање на своите добавувачи.

Минатата недела во провинцијата Џиангсу беше откриен повеќегодишен проект наречен “План за имплементација за развој на транспортната инфраструктура”. Според планот, блокчејнот ќе биде една од технологиите што локалните власти ќе ги искористат за реконструкција на локалната транспортна инфраструктура.

Leave a comment