Извештај: Инвеститорите во Германски ICO со загуби до 90%

Инвеститорите во Германски ICO изгубија до 90% од нивниот капитал, објави во понеделникот, на 1-ви октомври Cointelegraph auf Deutsch.

Германското бизнис списание WirtschaftsWoche ги спореди цените на токените со иницијалните монетарни понуди (ICO) спроведени од Германските стартапи со цените на почетокот на септември 2018-та година. Во извештајот е утврдено дека, со 90% губење на вредноста, Германските стартап монети загубија уште повеќе вредност од водечките монети како Биткоин (BTC) и Ethereum (ETH), кои, исто така, драстично опаднаа по рекордните издигнувања кон крајот на 2017-та година.

WirtschaftsWoche откри дека, досега, само осум стартапи со седиште во Германија имаат направено ICO. Многу други Германски ICO беа спроведени од страна на легално независни компании во странство. Монетата на финансиската група Naga, која е на листата на Франкфуртската берза (Frankfurter Börse), беше купена од Naga Development Association Ltd. и издадена во Белизе.

Меѓу бројните издавачи на Германски токен, само платформата за финансирање Neufund и шопинг-апликацијата Wysker успеаја да ја одржат вредноста на нивните токени стабилна. Пет други проекти, како што се финансиските стартапи во Франкфурт Savedroid и Iconiq Lab, изгубиле помеѓу 40% и 92% во вредност, соодветно.

Минатото лето, IT индустриското здружение Bitkom извести дека Германските IT-стартапи и понатаму преферираат класично ICO преку ICO за зголемување на капиталот. Во анкетата на 302 IT и интернет-стартапи, 22% од испитаниците изјавиле дека планираат да одат јавно, додека само 3% велат дека сакаат да соберат средства со понуда за токени.

 

Leave a comment