Извештај: ЕУ дискутира за понатамошна крипто-регулатива поради загриженоста за недостигот на транспарентност

Министрите за економски и финансиски прашања од земјите-членки на Европската унија (ЕУ), наводно, ќе одржат неформален состанок за предизвиците на дигиталните ресурси и можноста за заострување на регулативите, објави Bloomberg на 29-ти август.

Според нацрт-постот од Bloomberg, учесниците на состанокот закажан на 7-ми септември во Виена, Австрија, ќе разговараат за општиот недостаток на транспарентност и потенцијалот за криптовалутите да се искористат за даночно затајување, финансирање на тероризам и перење пари.

Европскиот орган за хартии од вредност и пазари (ESMA) претходно ги предупредил корисниците за ICO, наведувајќи го како причина за недостатокот од разбирање на инвеститорите и проблемите со нерегулираните финансиски активности. ESMA, исто така, истакна дека нерегулираните платформи за размена се незаштитени заради нивното постоење надвор од глобалните финансиски регулативи, што значи дека загубите на клиентите од нешто како сајбер напад нема да бидат покриени од  законите на ЕУ.

И покрај претходните предупредувања од  финансиските мониторинг групи на ЕУ, од документот добиен од Bloomberg вели дека ICOs “имаат воспоставено ефективен и ефикасен начин за собирање капитал”. Документот, наводно, исто така наведува дека ICO би можеле да помогнат да се интегрираат капиталните пазари во ЕУ.

E.U. Fifth Anti-Money Laundering Directive стапи на сила на 9-ти јули. Мерките во рамките на директивата поставија нова правна рамка за европските финансиски мониторинг групи за регулирање на дигиталните валути. Новите правила донесоа построги барања за транспарентност насочени кон употребата на “анонимни плаќања преку припејд картички” и “платформи за размена на виртуелни валути” за целите како перење пари или финансирање на тероризам.

Во март, ESMA ги зајакна условите за Contracts For Differences (CFDs) во криптовалутите. Во согласност со воведените правила, инвеститорите мора да имаат доволно средства за покривање на најмалку половина од вредноста на договорот при отварање, со менување на границата на CFD на криптовалутите од 2:1 до 5:1 при отворањето.

Leave a comment