Извештај: Гигантите во крипто индустријата Bitmain и Huobi го отпуштаат персоналот

Гигантот за крипто фармање Bitmain и гoлемата крипто берза Huobi, наводно, ги потврдиле плановите за отпуштање на персоналот во услови на пад на цените на крипто пазарите што се случува годинава. Весникот од Хонг Конг на англиски јазик, South China Morning Post (SCMP), објави за отпуштањата на 26-ти декември.

Bitmain Technology, базирана во Пекинг, која доминираше во производство на фармачки хардвер оваа година, е цитирана од страна на SCMP во соопштението дека е подложена на “одредено прилагодување за нашиот персонал оваа година” – изјава, наводно, подгреана од Кинеските социјални медиуми кои тврдеа дека следуваат отпуштања во фирмата. Од Bitmain, наводно, изјавиле:

“Како дел од [градење на одржлив бизнис] мора да се фокусираме на работите кои се јадро на таа мисија, а не на работите што се помошни. Додека се движиме во новата година, ќе продолжиме да се удвојуваме за вработување на најдобриот талент од разновидни потекла”.

Како што забележува SCMP, точниот број на отпуштања не е откриен, но портпаролот на фирмата, наводно, неделава негира дека Bitmain би можел да отпушти повеќе од половина од своите вработени, предлогот што првпат  циркулираше во Кинеските социјални медиуми.

Како што беше објавено претходно оваа недела, неколку Кинески коментатори, исто така, тврдеа дека Bitmain ја отпуштил целата своја екипа од девелопери на Bitcoin Cash (BCH), од кои некои, наводно, само што неодамна се приклучиле на компанијата.

Huobi Group, исто така, наводно ги потврди плановите – користејќи сличен суптилен јазик – за да го “оптимизира” својот персонал со отпуштање на недоволно успешните вработени. Компанијата – која работи од Пекинг и ја надгледува крипто берзата Huobi со седиште во Сингапур, сепак, наводно, истакна дека продолжува да има персонал “за своите основни бизниси и пазарите во развој”.

И покрај тоа што точните бројки за планираните отпуштања остануваат недостижни, SCMP забележува дека од јуни 2018-та година, поднесеното IPO на Bitamin, открива дека фирмата вработила вкупно 2.594 вработени со полно работно време – вклучувајќи и околу 840 инженери. Huobi, според SCMP, има работна сила од над илјада лица.

SCMP го цитира анонимниот вработен во Bitamin со изјава дека отпуштањата ќе се случуваат на различните оддели на компанијата. Изворот, сепак, не знаеше за бројот на планирани работни места.

Кинескиот дописник за Cointelegraph во меѓувреме ги сподели информациите од канал на социјалните медиуми Maimai, платформа за социјални медиуми за вработени кои во Кина ја користат почесто од LinkedIn.

Според тврдењата на еден коментатор, ако вработените во Bitmain се согласат веднаш да заминат, компанијата ќе им помогне да го платат социјалното осигурување во јануари 2019-та година, со рок на исплата до 10-ти јануари 2019-та година. Дополнително, наводно, ќе се надомести и платата од два месеци.

Друг корисник на Maimai,  напиша дека Bitmain има 3.200 вработени и 1.700 технолошки вишок.

Претходно овој месец, Bitmain објави дека го затвора својот центар за развој во Израел и ги отпушта локалните работници, наведувајќи го “земјотресот” на крипто пазарот во последниве месеци.

Исто така, во текот на изминатата недела, се појавија извештаи дека блокчејната софтверска компанија ConsenSys исто така, наводно, прави значителни намалувања на персоналот. Непотврдените извештаи се усогласуваат со неодамнешното писмо на компанијата напишано од Џозеф Лубин за вработените во кое тој напиша дека фирмата ќе дејствува за насочување и заострување на својот деловен стил за да остане “наслонета и цврста” на конкурентниот пазар.

Дури и кога главните играчи во оваа индустрија ги реструктуираат своите бизниси за да ги преживеат тешките времиња, анализата на Cointelegraph покажа дека работните места за блокчејн девелоперите остануваат едни од најбрзо растечките барани работни места во САД.

Leave a comment