Извештај: Блокчејн технологијата може да ја намали несигурноста во надворешната трговија

Во својот нов краток извештај, Австрискиот истражувачки центар за меѓународна економија (FIW) ги разгледа можните ефекти од дигитализацијата, вклучувајќи ја и блокчејн технологијата, врз економијата на извозот, објави на 28-ми септември, Cointelegraph auf Deutsch.

Извештајот го подготви Бернард Дакс од Австрискиот институт за технологија во име на Австриското сојузно министерство за дигитални и економски прашања и креираше позитивна слика за блокчејн технологијат и вештачката интелигенција (AI).

Дакс наведува дека блокчејн технологија би можела да ги направи трансакциите во извозот побезбедни и со тоа да ја намали неизвесноста. Покрај тоа, децентрализираната технологија може да помогне за “значително намалување на трошоците за обработка на извозните гаранции”.

Дакс, исто така, истакна дека блокчејнот мора прво да биде широко прифатен, особено во банкарскиот сектор, пред Австриските увозни и извозни односи да можат разумно да имаат корист од оваа технологија.

Австрија е рангирана на 11-то место меѓу земјите-членки на ЕУ на Индексот за дигитална економија и општество. Затоа, извештајот нагласува дека науката и индустријата треба да се зајакнат со развојот на нови дигитални можности за Австрија да може да преземе водечка улога во идните иновации. Бернард Дакс на крајот од извештајот заклучи:

“Сервисите особено може да очекуваат значителни придобивки од автоматизацијата и трговијата преку новите технологии, како што се блокчејн или AI, што ќе им даде значителен импулс на овие индустрии. Развојот на новите услужни понуди би можел да се покаже како двигател за растот на Австриските компании”.

Големите компании на глобално ниво почнаа да ја применуваат дистрибуираната ledger технологија (DLT) во логистиката и синџирот на снабдување. Првите тест-проекти на IBM и логистичката компанија Maersk за да ги префрлање на постојните товарни документи во блокчејн, веќе се извршуваат. Пристаништето во Хамбург, Германија, исто така, во моментов развива и проект наречен HanseBloc, кој наводно ќе обезбеди безбедна електронска размена на база на податоци преку блокчејн.

Leave a comment