Извештај: Биткоин дебитната картичка поддржана од Coinbase ќе биде деактивирана во април

Дебитната картичка Shift Bitcoin (BTC), која им овозможува на корисниците на Американската крипто берза Coinbase да трошат Биткоин користејќи Visa дебитна картичка, наводно, прекинува со работа. Ова беше објавено на Reddit на 18-ти февруари, со објавен е-мејл од тимот на Shift.

Shift, кој беше лансирана во ноември 2015-та година, беше една од постојано растечките групи за крипто дебитни картички, со повеќекратни провајдери кои сега ги издаваат во различни земји.

Според скриншотот од е-мејлот поставен на Reddit и препишан на тимот на Shift, програмата за Биткоин дебитни картички ќе биде деактивирана на 11-ти април 2019-та година.

Shift не ја објасни причината за повлекување на сопствениот производ, а картичките ќе продолжат да функционираат како нормални до крајниот датум.

Shift се соочува со скептицизам од моментот на неговото лансирање, во тоа време коментаторите од блокчејн индустријата сметаа дека е тешко да се најде соодветен таргет пазар за картичката. За да ја добијат, корисниците мора веќе да поседуваа Биткоин за да ја платат таксата за издавање од 20 долари.

На социјалните медиуми, одговорите за ова слично ја потенцираа веројатноста за недостаток на побарувачка како поттикнување на одлуката на Coinbase.

Берзата продолжува да го проширува бизнисот во други области, минатата недела откри контроверзна карактеристика која им овозможува на корисниците да ги чуваат приватните клучеви во нивните крипто паричници на cloud.

Leave a comment