Извештајот на јавниот обвинител во Њујорк вели дека крипто-берзите се подложни на ризик од манипулација

Во новиот извештај објавен од страна на канцеларијата на главниот Њујоршки обвинител на 18-ти септември, се вели дека крипто-берзите се ранливи на манипулација, конфликт на интереси и други ризици на потрошувачите.

Извештајот ги претставува резултатите од “Иницијативата за интегритет на виртуелни пазари” која започна во април, кога Њујоршкиот обвинител Ерик Т. Шнајдерман испрати писма до тринаесет крипто-берзи, барајќи информации за нивните операции, внатрешни контроли и други клучни прашања.

Овој потег беше направен за да им обезбеди на просечните инвеститори подобро разбирање на ризиците и заштитата поврзани со платформите за тргување со криптовалути, како и зголемување на транспарентноста.

Во неодамнешниот извештај се разгледуваат практиките на десетте крипто-платформи со седиште во САД и во странство, како и податоците собрани од страна на Канцеларијата на јавниот обвинител за состојбата на пазарите на дигиталните валути во целина.

Студијата покажа дека отсуството на прифатени методи за ревизија на виртуелни средства резултира со недостаток на конзистентен и транспарентен пристап кон независна ревизија на дигиталната валута со која се тргува на берзите. Ова ги става средствата на клиентите кои се чуваат на нивните сметки на платформата на ризик од напади од хакери или кражба. Во извештајот подоцна се поставува прашањето за јавната заштита и за доволноста на комерцијалното осигурување за покривање на можните загуби.

Во извештајот понатаму се наведени трговски практики кои се злоупотребуваат, нагласувајќи дека поголемиот дел од платформите за крипто-тргување распоредуваат автоматизирани трговци, нудејќи им посебни услови, што ги остава малопродажните клиенти во неповолна положба. Исто така, се наведува дека берзите за дигитални валути вклучуваат бројни преклопни линии на бизниси кои претставуваат сериозни конфликти на интереси. Во извештајот се објаснува:

“Автоматизираните трговски активности, исто така, би можеле да дозволат еден трговец или група на трговци да управуваат со повеќе сметки истовремено за да прикријат координирано тргување, со цел да се манипулира со цените”.

Во извештајот се забележува дека неколку од истражените платформи ја тргуваат сопствената сметка во обем што претставува значителен дел од вкупниот промет. Неколкумина им дозволуваат на своите вработени да тргуваат на нивното работно место, што предизвикува сомневања за напорите на платформите и нивното осигурање дека вработените не користат не-јавни податоци за да добијат предност пред другите трговци. Некои платформи издаваат свои дигитални валути или прифаќаат компензација во замена за виртуелно средство за тргување. Извештајот понатаму гласи:

“Иако некои платформи за виртуелни валути презедоа чекори за да ја надгледуваат праведноста на нивните платформи и зачувување на интегритетот на нивната берза, други не. Платформите немаат цврсти можности во real-time и надзор на пазарот, како оние што се наоѓаат во традиционалните трговски центри, за да се идентификуваат и запрат сомнителните шеми на тргување.”

Leave a comment