Извештајот на ЕУ вели дека криптовaлутите “веројатно” не претставуваат предизвик за централните банки

Криптовалутите нема да ја оспорат економската моќ на централните банки, објави Европскиот парламент минатата недела.

Во последниот извештај на Monetary Dialogue, објавен на 26-ти јуни, Комитетот за економски и монетарни прашања на Европскиот парламент изјави дека иако криптовалутите ги направиле финансиските трансакции “релативно безбедни, транспарентни и брзи”, тие не претставуваат закана за суверените валути ширум светот.

Анализата, спроведена од Центарот за социјални и економски истражувања, непрофитен истражувачки институт со седиште во Варшава, прв ги препозна позитивните промени на криптовалутите во финансиските трансакции, истакнувајќи дека тие сега се “користат глобално, игнорирајќи ги националните граници.”

Криптовалутите “одговараат на реалната побарувачка на пазарот”, тврдат анализите, и тие ќе имаат потенцијал да станат “полноправни приватни пари” па дури и постојан елемент во глобалната економија.

Сепак, истражувачите велат дека “не е веројатно” криптовалутите да ги загрозат централните банки и суверените валути и да ги уништат постојните монетарни структури, особено во земјите каде нивните суверени валути се широко распространети.

Во моментов, според анализата, вкупната вредност на сите криптовалути кои циркулираат на пазарот во голема мера ја надминуваат вредноста на големите суверени валути во оптек.

Но, постојат неколку исклучоци. Во извештајот се наведува инфлацијата во Венецуела и истакна дека во многу помали монетарни јурисдикции, криптовалутите “можат” да се понудат како алтернатива место нестабилната валута.

Покрај тоа, анализата сугерираше дека финансиските регулатори треба да ги третираат криптовалутите како “и сите други финансиски трансакции или средства”, со оглед на потенцијалните ризици поврзани со трансакции во кои се користат криптовалути, вклучувајќи ги и перењето пари, даночното затајување и финансирање на нелегални активности.

Leave a comment