Зошто Multi-Blockchain на Mastercard може да биде нов чекор во трката за патенти

На 9-ти октомври, Американскиот гигант за финансиски услуги Mastercard доби патент за методот за партиција на блокчејнот, за да може да складира повеќе типови на трансакции и формати. Поднесокот објавен од страна на Американската Patent and Trademark Office (USPTO) ги открива деталите за новиот систем – кој не е прв од ваков вид за Mastercard.

Зошто партиција на блокчејн?

Едноставно кажано, различни блок;ejni ги складираат своите трансакции во различни блокови – на пример, Биткоин (БТЦ) користи еден вид систем за снимање на податоци за својот блокчејн, додека Ethereum (ETH) се определува за алтернативни метрики.

Сега, замислете компанија која сака да користи блокчејн технологија за складирање на различни видови на податоци или за користење на повеќе криптовалути за нивниот бизнис. Ќе мора да работи повеќе блокчејни, бидејќи, како што е случај со поднесувањето на неодамнешниот патент, евиденцијата на трансакциите “честопати се бара да биде од ист формат и да ги вклучува истите типови, а понекогаш и големини на податоци.” Следствено, оваа компанија исто така мора да биде во можност да си дозволи да ги вклучи сите свои дополнителни ресурси и компјутерска моќ.

Овој проблем може да биде предизвикан од различни степени на дозволен или отворен пристап на блокчејните. Од една страна, постојат блокчејн блокови кои не дозволуваат некој да ги гледа податоците или да биде дел од него – исто како и претходно споменатите BTC и ЕТH со нивните јавни ledgers. Од друга страна, тие исто така може да бараат посебно допуштање – тие бараат посебни дозволи за читање, пристап и запишување на информации на нив. Тие се почести кај индустриските корпорации, за кои безбедноста, идентитетот и дефиницијата на улоги се клучни.

Новиот патент на Mastercard тврди дека нефлексибилноста на блокчејните во однос на форматирањето на податоците ја ограничува употребата на дозволи за блокчејните кои го бараат тоа:

“[…] ентитетот може да сака да работи со блокчејн кој бара дозвола, каде различни нивоа на дозволи може да се користат за учество во блокчејнот, како што се ограничување на јазли кои можат да додадат нови блокови на блокчејнот. Сепак, бидејќи сите трансакции во традиционален блокчејн се форматирани слично, дозволите не може да се прошират за пристап до реалните трансакции во блокчејнот … Авторите на патентите велат дека нивниот партицијален блокчејн може да ги заобиколи таквите ограничувања и да обезбеди ‘подобрена употреба на дозволи’.

Па, како тоа ќе функционира?

Новиот систем на Mastercard има за цел да ја прошири блокчејн услугата, дозволувајќи им на блоковите да примаат податоци од “плуралноста на подмрежи”.

“Подмрежи” се предложени партиции, кои би биле внатрешно конзистентни, но би комуницирале во еден поширок единечен систем: “подмрежата може да има правила за податоците во запис од трансакцијата, организацијата на податоците, големината на секоја вредност на податоци и хаш алгоритми кои се користат во формулирањето на merkle root на подмрежата”. Затоа, подмрежите ќе можат да примаат информации од различни компјутерски уреди и да дозволат да се додаваат податоци од било кој вид и големина без следење на стандардизиран формат на податоци. Сепак, износот на подмрежата е ограничен, бидејќи предложениот систем поддржува максимум три.

Не е првпат за Mastercard: амбициозни планови за блокчејн

Mastercard првпат се пријави за горенаведениот патент уште во јули 2016-та година – тоа е процес кој одзема време. Канцеларијата за патенти објавува апликации до 18 месеци откако тие се поднесени, и може да потрае со години да одлучат дали да издадат патентна заштита.

Сепак, грантот за партиција на блокчејн е само еден од многуте за Mastercard. Нивниот прв патент поврзан со блокчејн беше одобрен во ноември 2017-та година со наслов “Метод и систем за моментално плаќање со користење на снимени гаранции”. Оттогаш, компанијата доживеа долг пат во однос на проучувањето на технологијата: според извештајот на  IRP Daily во август, насловен како “Топ-100 глобални блокчејн патенти на претпријатија”, Американскиот кредитен гигант е трет по големина со 80 патентни поднесоци, надминат само од Alibaba и IBM, што го прави клучен учесник во потенцијално претстојната патентна војна во областа на блокчејн.

Само минатиот месец USPTO објави серија од три напишани патентни апликации на Mastercard, каде што компанијата тврдеше дека дистрибуираната ledger технологијата (DLT) би можела значително да ги поедностави business-to-business трансакциите (B2B), истакнувајќи дека “соработката на B2B во 21-от век се наоѓа на гломазна, неповрзана и во голема мера непроменета платформа за B2B плаќање на 20-тиот век”. Блокчејнот, пак, како што тврдеа авторите на патентите, ќе ги зачува податоците во систем што е лесно достапен од вклучените фирми и е високо отпорен на фалсификување.

Претходно во јули 2018 година, Mastercard поднесе патент за заштита на потрошувачите и платежни трансакции врз основа на DLT. Во него, компанијата ја опиша формата на метод за поврзување на средствата помеѓу блокчејн и fiat валутните сметки.

Обезбедувањето блокчејн патенти не мора да значи дека компанијата ќе продолжи да ги создава тие нови системи – додека блокчејн останува релативно ново поле, некои играчи само сакаат да го заземат својот удел во сето тоа пред да преземат акција. На пример, Bank of America – уште еден врвен кандидат за патент – досега има приоритет да има во сопственост регистрирана технологија пред всушност да почне да ја користи.

Во 2016-та година, Кетрин Бесант, главна надлежна за операции и технологија во Bank of America, изјави за CNBC дека постојните блокчејн патенти се “многу важни … да го резервираме нашето место уште пред да знаеме што би можела да биде комерцијалната апликација”. Имено, овие напори не ја спречуваат компанијата да го нарекува Биткоин “вознемирувачки” и да ја охрабри во својата одлука да ги забрани корисниците да купуваат крипто.

Значајната активност на Mastercard кон блокчејн е поддржана од амбициозните изјави, истакнувајќи го фундаменталниот интерес на компанијата за оваа технологија. Во септември Кен Мур, извршен потпретседател и шеф на Mastercard Labs, изјави за The Irish Times – за најголемиот Ирски дневен весник – дека одделот на компанијата со седиште во Даблин се движи “надвор од целата таа возбуда која ги опкружува новите технологии како што е блокчејн и развива вистински, втемелени услуги и производи”. “Ова не е истражувачка работа за нас”, додаде тој, по објавата на Mastercard дека планира да создаде 175 нови работни места во Даблин со “нови улоги, вклучувајќи експерти за блокчејн, научници за податоци и експерти за cloud инфраструктура”.

Leave a comment