Зошто овој биткоин од 8.000 долари е различен од сите други биткоини кои стигнале до 8.000 долари

Во 2017-та година, цената на биткоин за прв пат достигна 8.000 долари. Она што се случи следно беше без преседан: експлозија на медиумско покривање. Еуфорија, FOMO, манија – наречете го како што сакате, мејнстрим медиумите известуваа за истото и цената достигна до 20.000 долари поради купишта твитови на славни личности и вирални видеа на деца кои купуваат ламборџини со биткоин. Џон МекАфи вети дека ако цената на биткоин достигне еден милион долари до крајот на 2020-та година ќе си го изеде сопствениот пенис.

А потоа цената падна.

Во месеците што следеа, биткоин неколкупати достигна 8.000 долари. Во меѓувреме, Џон Оливер го одржа специјалниот биткоин сегмент на неговото добро познато шоу на HBO. Во тоа време исто така извршниот директор на Ripple се појави со Ештон Качер на шоуто на Елен Деџенерис за да поклони 4 милиони долари во XRP. Ворен Бафет, најпознатиот американски инвеститор, постојано зборуваше за тоа. Покриеноста беше насекаде. Мејнстримот сѐ уште беше опседнат со криптовалутите.

До летото 2018-та година, сето тоа што се појави, исчезна, или како што ми рече еден мој пријател: “Никогаш повторно не слушнав за тоа”.

Во мај 2019-та година, биткоин повторно стигна до 8.000 долари после долго време – но надвор од “Крипто Twitter”, никој не се грижеше.

Што се промени?

Биткоин повеќе не се смета за “медиумски вреден”.

Што значи да си медиумски вреден?

Секој настан кој е неодамнешен, навремен, новина, последичен или вклучува познати луѓе. Изгуглајте го тоа.

Биткоин повеќе не одговара на описов.

Ништо како првиот пат

Кога биткоин прво погоди 8.000 долари, тоа никогаш не се имаше случено порано. Како може дигиталната валута без корист некогаш да достигне таква висока цена? Како можеа сите овие деца и губитници и луди луѓе да се збогатат преку ноќ од лажни интернет пари?

Главните играчи беа чудни и ексцентрични, како овој човек:

Џон МекАфи биткоин бик

Или овој човек:

Bitconnect лик промовира Ponzi шема

Познати личности твитаа за криптовалути, а Youtube полудеа со вирални видеа за ламборџини и измамите. Рандом луѓе купуваа некои крипто и добиваа двоен па дури и троен принос на своите пари во рок од неколку недели – понекогаш и денови. Тоа беше новина и навремено, па дури можеше и да се збогатиш!

Во меѓувреме, сте имале добро познати, веродостојни луѓе како Алан Гринспен и Ворен Бафет споредувајќи биткоин со отров за стаорци. Конфликт!

 Стари луѓе кои мрчат, губитници кои се збогатија, измамници, лажни пари … никој никогаш не видел нешто слично.

Тоа беше одлична приказна и таа привлече рејтинзи, погледите и кликањето на маусите.

Веќе вториот пат не е толку кул

Кога по втор пат биткоин погоди 8.000 долари, тоа беше на пад од високо од 20.000 долари. Но, сепак се уште беше интересно. Луѓето беа љубопитни – зошто ова не умрело? Треба ли да купам?

Некои луѓе веќе купиле неколку биткоини, па сега тие беа инвестирани во гледањето во кој правец ќе оди цената. Дали ќе порасне повторно? Дали ќе се намали уште повеќе?

Превозбудените ликови се уште извикуваа околу 1 милион долари и луѓето научиле доволно за да почнат да размислуваат дали овие лажни пари, всушност, се револуционерна технологија.

Дали цената ќе се врати? Дали биткоин ќе го спаси светот? Или ќе умре?

Неизвесност!

Секој друг пат кога Биткоин достигн 8.000 долари и веќе видениот филм

Сепак, немаше вирални видеа за деца кои купуваат ламборџини. Немаше познати личности да се фалат со нивниот биткоин. Сè уште немаме докази дека оваа нова технологија е нешто повеќе од преисфорсиран производ за многу мала група корисници.

Про-биткоин коментаторите изгледаа вака:

Биткоин коментаторот Ентони Помплиано

Добро дотеран бел човек во деловен костум.

ДОСАДНО.

Сега веќе биткоин е стара вест

Во зависност од тоа дали верувате на анкети (а ги има многу), некаде помеѓу 72-90 проценти од Американците слушнале за биткоин. Може да има слични бројки и во нашата земја.

Како резултат на тоа, луѓето не се толку љубопитни. И со сите опаѓања што ги видовме во цената на биткоин во текот на изминатите две години, малкумина веруваат дека ќе се збогатат од него. Поминуваат многу повеќе време со некрипто луѓе отколку со крипто ентузијасти.

Од она што можам да го кажам, повеќето луѓе си мислат: “Ох, повторно стигна 8.000 долари? Повторно ќе опадне. Тоа го прави секогаш.”

Ние се наоѓаме во период каде што биткоин технологијата веќе не е новост. Јутубери и познати личности веќе не прават луди работи со него. Нема докази дека повеќе од мал број биткоин трансакции се вистински плаќања наместо тргување или шпекулации.

Ова е добра работа.

Тоа значи дека ако сакате да купите биткоин како инвестиција, се уште имате време пред масовното усвојување. Ако сакате да бидете девелопер на биткоин блокчејнот, има помала конкуренција.

Уште подобро, многу луѓе сметаат дека биткоинот е нормална работа. Тие можеби не го разбираат или не сакаат да го купат, но најчесто прифаќаат дека ова е вистинска технологија. Значи, ако сакате да навлезете во биткоин кариерата, нема повеќе стигматизација. Кога ќе го внесете биткоин во вашиот бизнис, луѓето сметаат дека тоа е легитимна опција за плаќање (иако повеќето нема да го користат).

Leave a comment