Зошто луѓето не веруваат во криптовалути?

Не е изненадување што луѓето кои разбираат и знаат како функционираат криптовалутите веруваат во нивната употреба и што е уште поважно веруваат дека ќе вреди да се инвестираат нивните тешко заработени пари во нив, но што е со останатите? Освен ако не сте живееле под камен во изминатите неколку години, ќе знаете дека има добар број на луѓе кои всушност не веруваат во криптовалути и одбиваат да се вклучат во било која активност што е поврзана со нив. Пред да почнете да ги отфрлате нивните мислења и да ги игнорирате овие критичари, направете обид да ја разберете нивната гледна точка, бидејќи тоа ќе доведе до многу попродуктивен разговор. Ајде да разговараме за некои од главните причини зошто крипто критичарите толку брзаат да ги отфрлат криптовалутите и сето она што тие подразбираат.

Крипто нема вредност

Една од најпопуларните причини за критичарите да ги отфрлат криптовалутите е идејата дека немаат вистинска вредност врзана за нив. Додека постојат многу луѓе кои веруваат дека Биткоин еден ден може да го замени златото во смисла на вредност, други веруваат дека не содржи вистинска вредност и на крајот ќе вреди многу малку или скоро ништо. Сепак, истото може да се каже и за други валути како златото и fiat-от.

Златото, на пример, се смета дека има вродена вредност поради своите намени во индустрии како стоматологија и електроника. Некои луѓе дури тврдат дека банкнотите имаат суштинска вредност, бидејќи тие можат да се користат како огрев или да се пишува на нив. Сепак, како што понатаму анализирате било кое од овие тврдења, станува јасно дека и златото и хартиените пари немаат толку многу суштинска вредност. Она што ги одделува хартиените валути и златото од дигиталните средства, е фактот дека првите се материјални средства кои можат да бидат физичка сопственост и така да се користат.

Значи, кога некој тврди дека дигиталните средства се инхерентно “бескорисни” и немаат вистинска вредност, само потсетете ги дека истото може да се кажат за било која хартиена валута која ја преферираат. Ајде да го земеме американскиот долар како пример, бидејќи се потребни само околу 5 центи да се направи банкнота од 1 долар. Значи од каде доаѓа остатокот од вредноста, надвор од 5-те центи што одат во неговото производство? Па, сето тоа доаѓа од довербата што ние како корисници им ја даваме на хартиените валути за одржување на вистинска вредност, што е причината зошто толку многу луѓе тврдат дека дигиталните средства се безвредни.

Една од најчестите причини зошто луѓето не веруваат во криптовалути е претпоставката дека не поседуваат вистинска вредност. Сепак, истото може да се тврди и за хартиените валути (што се само хартија), но повеќето крипто критичари се чувствуваат удобно со нив затоа што можат физички да го држат.

Не се поддржани од владите

Следната причина зошто толку многу луѓе не веруваат во криптовалутите е поради тоа што не се поддржани од некоја влада. Една од основните функции на криптовалутите е тоа што тие се децентрализирани и не треба да бидат надгледувани од владино тело. Иако тоа може да изгледа привлечно за некои, тоа е всушност прилично голема причина зошто некои луѓе се држат настрана од крипто. Како што се испоставува, некои луѓе се чувствуваат многу побезбедно и поудобно кога нивните средства секогаш се надгледувани од владата, што ги наведува некои луѓе да се држат настрана од крипто баш поради таа причина.

Вистинската вредност на fiat парите е заштитена од кредибилитетот на владата и централните банки кои имаат задача да контролираат пари. Централните банки се независни, но всушност имаат значително политичко влијание, кое е од суштинско значење за обезбедување на вредноста на fiat парите. Земјите кои ги игнорираат најновите случувања во монетарната политика, како Венецуела, го прават тоа на нивна штета. Од причини кои имаат врска со нестабилноста и флуктуирачките цени, многу крипто критичари стравуваат дека постои можност нивните дигитални инвестиции целосно да се намалат и никој, дури ни владата, не може да ги спаси.

Важно е да се забележи, сепак, дека криптовалутите се сè уште млади во однос на нивниот севкупен раст. Во случај некој со кој зборувате да го спомне ова, потсетете го дека е премногу рано да се вклучат владата или централната власт. Всушност, ние веќе гледаме и видовме дека некои национални влади издаваат своја криптовалута. Со оглед на тоа колку е рано, дефинитивно можеме да очекуваме да се направат повеќе регулативи кои би вклучиле криптовалути поддржани од владите.

Криптовалутите се децентрализирани и не бараат надгледување на трансакциите од владите. Сепак, стравот од неможност да се поврзат со владата е една од причините зошто овие критичари не веруваат во крипто.

Безбедносни проблеми

За секој кој всушност подразбира како функционираат криптовалутите – вклучувајќи ја блокчејн технологијата – најголемата причина да не му верувате на криптото доаѓа од проблеми околу безбедноста кои би можеле да ги остават вашите средства на ризик да бидат украдени. Реално, не можете да обвинувате некого кој верува во ова, со моменталните приказни околу хакерите и дигиталната безбедност. Згора на тоа, постојат и многу луѓе кои не разбираат како функционира блокчејн технологијата, што ги спречува да ја стават својата верба во целокупниот концепт.

Ако сте биле во тек со неодамнешните крипто вести и наслови, тогаш најверојатно сте виделе една од многуте приказни што детално ги објаснуваат неодамнешните хакерски напади и украдени монети. Кешот и електронските пари исто така се предмет на кражба, но нема потреба од приватен клуч за трансакции во готовина и клучевите се помалку важни за електронските готовински трансакции. Постојат повеќе слоеви на сигурност што нè заштитуваат. Ако луѓето кои користат кеш и електронски плаќања, доволно внимателно ги заштитуваат своите средства, тие се во добри раце.

За жал, истото не може да се каже за криптовалутите. Некој кој не може да разбере колку е ризично да ги складира своите дигитални средства на берза или онлајн паричник, всушност може да биде жртва на хакерски напад или украден идентитет. Да се внимава на сите ваши клучеви е нешто што во кое еден постар инвеститор можеби нема да има искуство, што ќе ги направи да се чувствуваат несигурни за да ги остават своите средства во рацете на некоја берза.

Има некои луѓе кои всушност разбираат како функционира блокчејн технологијата, па затоа не им веруваат на криптовалутите. Идејата дека треба да се следат сите нивни клучеви и шифри, би можеле да ги обесхрабрат да инвестираат.

Повеќето луѓе не ги разбираат

Кога се  се сведува на идентификување на најголемата и најчеста причина зошто скептиците не веруваат во криптовалути, тоа е фактот дека тие едноставно не знаат како криптовалутите функционираат. За да биде поедноставно, земете ја вашата сопствена ситуација како пример. Ако сте возрасна личност кој нема тони дополнителни пари за инвестирање, тогаш најверојатно нема да продолжите со инвестирање во некоја нова инвестициска можност. Ајде да се соочиме со тоа, нема да имате време ниту желба да научите нешто за една сосема нова класа на средства, а камоли да ризикувате да ги ставите ограничените пари во сфера која што уште се нема докажано.

Сепак, ова е она што одделува многу крипто инвеститори од критичарите. Луѓето кои ги инвестираат своите пари во криптовалути мора да имаат причина или желба да го сторат тоа, без разлика дали тоа е за учење на нова инвестициска можност, верувајќи во иднината на блокчејн технологијата или само сакаат да бидат дел од нешто што има еден тон потенцијал . Оние кои не веруваат во криптовалутите одбиваат да ги прифатат нивните технолошки придобивки, потенцијалот или сложеноста. Ако некој признае дека тие едноставно не знаат доволно за криптовалутите за да инвестираат во нив, дали навистина може да ги обвинувате?

Од друга страна, ако наидете на некој кој не верува во криптовалути, бидејќи едноставно не сакаат, тогаш тоа е дефинитивно затоа што не знаат како функционираат, што не е сосема нивна вина. Како што споменавме порано, криптовалутите се уште се релативно нови во однос на нивната целокупна изложеност, така што има смисла луѓето да не слушнале за нив. Секако, како што блокчејн и криптовалутите продолжуваат да се здобиваат со популарност и легитимизација, се ‘поголем број млади луѓе наскоро ќе го стекнат драгоценото искуство кое е потребно за целосно да се вклучат во нивно користење. Со сегашната стапка која расте, само е прашање на време, пред да ги видиме криптовалутите и блокчејн целосно легитимизирани и користени.

Заклучок

Живееме во уникатно време во контекст на целата човечка историја. Со навидум експоненцијална стапка на иновации и напредок, општеството се движи со невидено темпо што е подложно на промени од било кога до сега. Оние што не сакаат да прифатат дека долгогодишните институции почнуваат да го гледаат својот крај, постојано ги држат работите онака како што се. Значи, кога некој ви кажува дека тие не веруваат во криптовалути, презентирајте ги фактите што моментално се случуваат низ целиот свет. Од финансиско усвојување до раната фаза во развојот, криптовалутите се на многу добар пат да станат иднината на финансиите.

Leave a comment