Зошто криптовалутите се следниот оперативен систем за капитализмот

Парите нема да траат вечно – тоа е загарантирано

Не постоеја кога размената еволуираше и стана карактеристика на првиот економски систем на човештвото , ниту пак ќе продолжат да постојат кога нема да има корист од нивното користење. Тоа време се приближува многу побрзо отколку што традиционалистите сакаат да признаат.

Реалноста е дека нашата еволуција во безготовинско општество е речиси целосна. Се поретко чуваме физички пари во себе. Хартиените пари и металните парички се праисториски.

Тоа е она што оние кои безгрижно ги нарекуваат криптовалутите – меур не успеваат да го разберат. Парите не се грижат за тоа што мислите. Тоа е едноставно средство за размена. Кога нивната корист се заменува со нешто поефикасно, ќе исчезнат. Токму сега се заштитен вид со неколку пуристи кои се обидуваат да ги заживеат. За жал, секој столб кој го поткрепува системот, еден по еден паѓа.

Наскоро ќе падне.

Ако вредноста на fiat веќе не поврзана за било која стока – ако нејзината цена е целосно независна и нејзината вредност зависна од нашето колективно мислење – дајте ми еден искрен и сериозен аргумент кој ќе ме убеди дека fiat не е и меур. Дајте ми кохерентна причина зошто, ако престанеме да веруваме во вредноста на хартиените пари денес, ќе вредат нешто утре. Без прибегнување кон аргументот на историскиот преседан, големината и обемот на централните банки или ветувањето што овие институции го направија за да одржат одредена вредност. Во основа, во прашање се довербата и верувањето.

Вашиот аргумент се уште може да биде дека криптовалутите се меур, но јас ви ја креирам перспективата дека всушност сите пари се. Тие се производ на нашите верувања поврзани со нашата надеж дека нивната вредност ќе опстои. Исто како акциите и обврзниците.

Парите во последните 30 години, се интелектуална конструкција која е фокусирана на довербата на човештвото во властите – но довербата во овие институции во денешно време е историски најниска. Ние не им веруваме на причините што ги даваат за одлуките што ги носат, тие се поттик да дејствуваат за нашите најдобри интереси или нивната способност да донесат подобра иднина.

Криптовалутите се иднината бидејќи се нов оперативен систем за децентрализиран свет. Тие се иднината затоа што ја превземаат контролата врз работите од кои сме најмногу зависни за опстојување. Тие се иднината затоа што веќе прават разлика во тоа како делуваме. Биткоин им овозможи на цела генерација Венецуелци да имаат алтернатива за осакатената инфлација што не е проверена за корупција.

  • Ние веќе не мора да имаме доверба во владеењето на владата врз нас и безгрижно да пропише опасна монетарна политика што мора да ја прифатиме.
  • Веќе не смееме да прифатиме ситуации на штедење што беа принудени врз нас поради интервенција на владата во финансиски колапс, каде што немаше казна за ниедно лице што го предизвикало.
  • Нашата иднина повеќе не езависна од каприците на владите.

Можете да направите било каков аргумент за тоа  како криптовалутите се преценети, за тоа како се манипулирани, за тоа дека не се одржлив медиум за правење на високофреквентни трансакции.

Тоа е добро, но која e цената за контрола?

Која цена би ја ставиле на доверба програмирана во непроменлив ledger каде што оние кои учествуваат ги држат клучевите за развојот на платформата. Едностраната произволна одлука се заменува со консензус.

Ако не ги разбирате импликациите од тоа, не обрнувате доволно внимание.

Ако не разбирате како функционираат fiat парите, не сте квалификувани да процените дали криптовалутите ќе бидат успешни или не. Подеднакво, ако не ги разбирате механизмите за фармање, основната технологија од каде што криптовалутите ја црпат својата моќ или економијата на недостатокот, не сте квалификувани да му кажете на некој зошто е тоа револуција.

Затоа едуцирајте се за подобро да разберете зошто работите се менуваат, и за да ја цените технологијата што ја поддржува револуцијата. Тие можат позитивно да влијаат на напредокот што овој нов систем може да го направи. Инаку, ти си само уште еден необразован што со шпекулации и галама прави повеќе штета отколку добро.

Со сето ова кажано, ако верувате во крипто оставете нека пазарот дојде до вас. Да сфатите дека успехот на системот е зависен од непоколебливото верување дека низ историјата иновациите секогаш донеле промена кон она што во моментот постои. Ако системот е подобар, тогаш ништо нема да може да застане на патот на напредокот. Од истата причина, Google го уништи Yahoo, а Facebook го победи Myspace, така Биткоин и Етереум ќе ги уништат fiat парите.

На истот начин како што Amazon ја брутализира физичката малопродажба, криптовалутите ќе ги искоренат банките. Ако не го мислите дека ова ќе се случи, не обрнувате внимание.

Дозволете им на неверниците да мислат дека се во право, но во моментот кога централните банки го притиснаа копчето за квантитативно олеснување, тие ја потпишаа наредбата за смртта на оперативниот систем на капитализмот што го монополизираше светот.

Капитализмот не оди никаде, секако. Криптовалутите се едноставно поефикасен медиум чија видлива судбна наскоро ќе се реализира.

Напредокот е немилосрден.

Криптовалутите се едноставно надградба.

Leave a comment