За прв пат Биткоин достигна пазарен капитал од 100 милијарди долари

Мрежата на Биткоин (BTC) стигна до нова пресвртница оваа недела, како што стигаат нови податоци за продолжените загуби на altcoins.

Според агрегаторот на податоци Coinmetrics.io на 25-ти август, таканаречениот остварен пазарен капитал стана најновиот индикатор за bullish период за Биткоин.

Остварениот пазарен капитал на Биткоин го надмина рекордот од 100 милијарди долари

Остварениот пазарен капитал, алтернативна пресметка на пазарниот капитал на Биткоин, сега е на рекордно ниво.

Пресметано со помножување на цената на секој последен биткоин кој бил тргуван и големината на секоја трговска зделка, бројката за Биткоин во неделата помина 100 милијарди долари.

Оваа бројка е само уште една во низата на скорешни рекорди за Биткоин, кои неодамна објавија највисоки бројки до сега во области како што е стапката на хаш и дневните обеми на тргување.

Како што додаде пионерот за криптографија, Ник Шабо, остварениот напредок на пазарниот капитал доаѓа во тандем со една од најниските нестабилности на мрежата на Биткоин од 2012-та година.

Само Binance Coin носи профит за трговците

Во исто време, сепак, притисокот врз altcoins продолжува да се зголемува. Како што потврдија податоците од Coinmetrics, повеќето големи токени значително изгубиле споредени со Биткоин оваа година – и покрај фактот што претходно имале подобри перформанси од него.

Bitcoin Cash (BCH), Zcash (ZEC), Stellar (XLM) и Eтер (ETH) забележаа најлоши падови, додека Binance Coin (BNB) лесно беше најдобрата инвестиција. Токенот во сопствеништво на крипто-берзата Binance е пораст од 44% во однос на Биткоин од август 2018-та година.

Падот на altcoins против Биткоин веќе долго време е главна тема на дебата меѓу коментаторите. Неодамна, трговскиот ветеран Питер Брант тврди дека не-биткоин токените ја доживуваат својата верзија на „dot-com“ бумот и можеби никогаш нема да се опорават.

„После технолошкиот колапс од 2001-02 година, се истакнаа dotcoms со вистинска вредност. ‘аlt’.coms банкротираа“, напиша тој во јуни.

Ликови како што е добро познатиот Биткоин bulls Макс Кејзер последователно ги повтори тврдењата.

Leave a comment