За блокчејн во Кина

Јас само што се вратив од шест недели во Кина, интервјуирајќи експерти за блокчејн и неговиот развој таму – и како тоа се разликува од она што се случува на Запад. Излегува дека несигурноста за иднината на блокчејн и цинизмот во врска со неговите финансиски биткоин адаптации – од шпекулативни возбудувања до забавување на трансакционата брзина – се глобални и може да бидат добро заслужени.

Сепак, особено во Кина, блокчејн прерасна во воспоставена индустрија. Несовршеностите како бавноста на трансакциите се сметаат како привремени растечки проблеми за нова форма на трговија. Повеќе од ова, многумина изгледаат убедени дека на крај  блокчејнот ќе предизвика големи промени и пореметувања во многу други индустрии.

На Запад и Кина, основната дефиниција за блокчејн не се разликува. Тоа е децентрализиран систем “peer-to-peer” кој ги евидентира трансакциите меѓу две страни на трајно проверен начин.

Сите видови договори и состаноци се направени радикално видливи и транспарентни. Контролата на системот не е во рацете на еден централен ентитет – на пример, владата или банките. Тоа се случува со ширење на контролата над вкупната мрежа на сите компјутери кои учествуваат во блокчејнот.

На овој начин, манипулациите и махинациите (преовладувачките западни термини) и грешките (доминантните Кинески) од еден централен управувач станува невозможно. Таков управувач не постои. Контролата е во вкупната мрежа, што носи со себе уште една предност: речиси е невозможно да се пробие таква широка мрежа на компјутери.

Потенцијалните промени предизвикани од блокчејнот се огромни – и тука се согласуваат Западот и Кина. На пример, ние би можеле безбедно да ги преземеме нашите финансиски трансакции во свои раце. Повеќе не мораме да се потпираме на банките за да се гарантира безбедноста на процесот. Дистрибуираниот peer-to-peer систем за контрола ќе се погрижи за тоа. Друга голема примена на блокчејнот: тој ќе ги направи сите синџири на снабдување супер-транспарентни. Кина доживеа бројни скандали во синџирот на дистрибуција на храна – од контаминиран бебешки прав до отруени лекови. На блокчејн секој чекор од производствениот процес и следните логистички процедури ќе бидат непогрешливо администрирани, правејќи го секој чекор транспарентен за сите. Тоа ќе ги спречи идните измами. Другите слоеви на блок синџири ќе покажат како се трошат сите средства во добротворни цели дали во евра, долари или јени. Или на пример исто така  во кои индустрии банките ги инвестираат нашите заштеди.

Но, исто така постојат суштински разлики помеѓу Кина и Западот. Кинеската влада избра блокчејн како една од индустриите кои нацијата се стреми да води во светот што е можно поскоро. Тоа значи дека многу стартапи се спонзорирани и олеснети, нудејќи им бесплатни локации во големите високо-технолошки паркови во поголемите Кинески градови. Исто така, блокчејн индустријата за стартапи добива значителна слобода од многуте регулации. “Нека процветаат илјада цвеќиња”, стариот слоган на Мао, добива ново значење тука.

Резултатот е армија од повеќе од десет илјади Кинески блокчејн компании. Но, бидете подготвени, ние зборуваме Кина: и покрај релативната слобода на индустријата, кога работите ќе излезат од контрола, владата става граница. Кога, на пример, финансиските апликации на блокчејните (добро познатите биткоини) резултирале со прекумерни шпекулации, Кина побрзала да ја направи целата оваа гранка на блокчејн ефикасно надзорирана. Луѓето треба да бидат заштитени, вклучувајќи ги и неодговорните шпекуланти. Без многу протести,блокчејн индустријата прифаќа и се адаптира.

Што значи се фокусира на другите полиња за примена на блокчејн, особено на калеидоскопот на подобрувања на синџирот на снабдување. На продажните платформи како Alibaba се нудат многу лажни производи. Технолошкиот гигант сега користи блокчејн технологии, кои откриваат каде е произведена некоја ташна од Louis Vuitton и како се движи од рака до рака, пред да стигне до Alibaba.

На западот ентузијазмот за блокчејн делумно беше поттикнат од ветувањето дека радикално ќе ги ослободи луѓето од владата и банките од нивните животи. Не беше случајно што Јапонскиот основач на блокчејн Сатоши Накамото (никој не знае кој е тој – и покрај целосната транспарентност на блокчејнот), се стекна со слава за оваа своја идеја и иницијатива за блокчејн кон крајот на 2008-ма година, годината на финансиската криза.

Со шпекулациите во последниве години идеолошкиот радикализам се намали. Но, на Запад, сè уште се прифаќа возбудливото ветување на блокчејн за ослободување на луѓето од банките и владите – барем од постхипи претприемачите во Силиконската Долина. (Вол Стрит реагира повеќе “конзервативно” или “реално”, во зависност од перспективата, како што е изразено од моите испитаници.) Кинеската влада нема сочувство за овој убер либерален идеализам и никогаш нема да дозволи какви било блокчејни активности каде што секој учесник зад компјутер не може да се идентификува. Како ќе се организира овој приод на следен чекор кон дигитална идентификација, останува да се види. Но, тоа сигурно ќе биде организирано. Владата тоа го бара. Тоа може да им наштети на западно-либертаристичките идеолози за блокчејн – но тоа е од никаква грижа на Кинеската влада. И Кинеската блокчејн индустрија сигурно ќе се прилагоди без многу напор.

Принципиелниот идеолошки дијалог на Запад во однос на вистинската количина на растојание помеѓу блокчејн и политиката или блокчејн и банките може да се смета на Запад како чесен и важен. Во Кина, не толку многу. Ова ги поштедува од препирки за моралната надмоќ – и им дава предност во прагматична моќ и унифицирана издржливост.

Своите конкурентни силни страни Кина им ги покажа на светот и во многу други области.

За авторот на статијата:

Проф. Д-р Карл Роуд е меѓународен главен говорник за “Иднината на прогнозирањето и иновациите” – со академска длабочина и практичен реализам. Во текот на последната деценија работеше со 50 универзитети и над 10.000 студенти. Цел: да се направи сите да вклучуваат повеќе трендови и иновации. Роуд има истражувачки позиции во Амстердам, Барселона и Шангај. Карл Роуд, исто така, ја води www.scienceofthetime.com, виртуелна мрежа на истражувачи на пазарите и трендови ширум светот.

Leave a comment