Започна крипто сезоната на измами, предупредуваат и централните банки

Започна сезоната на крипто измами. Иако онлајн измамите биле сеприсутни уште од почетокот на интернетот, постојат периоди во крипто сферата кога тие се особено истакнати и се подрски со секоја помината година. Дојде до тоа дури и централните банки да издадат предупредувања.

Сега, кога влеговме во крипто пролет, што доведе до бројни случувања во крипто сферата, со различни големи организации и бизниси кои ги поддржуваа крипто и блокчејн, претстојните преполовувања и севкупната позитивна атмосфера (добро, освен денес) кога станува збор за иднината на крипто, многу измамници го користат ширењето на дигитални средства за обид да ги измамат крипто корисниците, особено новодојдените кои се уште не се во можност да направат разлика помеѓу измама и вистински договор.

Случајот со Банката на Литванија

Измамниците очигледно отишле толку далеку што ги фалсификувале тврдењата на едни од главните личности во банкарскиот свет, особено претседателот на Одборот на Банката на Литванија. Оваа недела, Банката на Литванија ја предупреди јавноста дека сега недостапната веб-страница delfi.naujienosjums.com, која се преправаше дека е популарна локална новинска веб-страница, тврди дека Претседателот понудил да инвестира во крипто, кауза во која луѓето очигледно биле поканети да учествуваат – со свои пари, се разбира.

Одриус Шилгалис, шеф на надзор над инвестициски услуги во Банката на Литванија, ги предупреди луѓето дека ова е измама, бидејќи измамниците постојано се во потрага по нови начини да ги измамат луѓето. Еден таков начин е тие да се претстават како реномирани организации, поединци, или во овој случај, медиуми. Не само што оваа измама е презентирана како доверлива вест, туку и ветувањата се претставени како да доаѓаат од највисоки фигури во централната банка на една земја.

Банката на Литванија понатаму ги предупредува луѓето да не инвестираат во производи што не ги разбираат и, секако, да ги избегнат ветувањата за безризично брзо збогатување. Често споменатите “успешни приказни” каде што луѓето стануваат милионери “преку ноќ или една недела без да прават ништо, а потребни се само неколку клика со глувчето” се исто така невистинити, предупредува Шилгалис, бидејќи овие “обично завршуваат со изгубени пари”, обично илјадници или десетици илјадници евра, па дури и стотици илјади евра во некои случаи.

Случајот на лажен Blockchain.com

Без разлика дали овие лица или организации ќе украдат неколку долари или неколку милиони долари, сепак е кражба на вашите тешко и чесно заработени пари. И тоа се случува насекаде. Пред две недели, Југозападна Регионална единица за борба против криминалот на Велика Британија (SW RCCU) во заедничка операција со Холандската полиција, Europol, Eurojust, Националната агенција за криминал (NCA) на Велика Британија и две кучиња ги претресоа домовите на осомничените и уапсија шест лица во Велика Британија и Холандија по 14-месечна истрага за кражба на криптовалути во вредност од 24 милиони евра, како што стои во соопштението за печатот.

Ова беше тип на измама наречена typosquatting, исто така позната како лажен URL, каде што измамниците создадоа екстремно сличен URL и лажен сајт за имитирање на оригиналната веб-страница, во овој случај, лажна верзија на голем крипто паричник Blockchain.com, со цел ги таргетираат биткоин паричниците на корисниците, и да им ги крадат податоците потребни за логирање и нивните биткоини.

“Истрагата порасна од еден извештај за украдени 17000 фунти во биткоин од жртва со седиште во Вилтшир, на моментална проценка на повеќе од четири илјади жртви во најмалку 12 земји. Очекуваме тој број да расте”, изјави детективскиот инспектор Луиз Бојс од SW RCCU.

Не земајте крипто од странец

Ова се само два неодамнешни од голем број обиди – многу од нив за жал успешни – хакирање на паричници на луѓето и нивно ограбување. Криптосферата постојано ги спомнува овие обиди и ги предупредува другите да не наседнат на ваквите, повеќе или помалку софистицирани стапици.

Крипто трговецот, кој на Twitter се претставува под јузернејмот Moon Overlord пред само два дена напиша: “Не може дури и да се прочитаат коментарите под твитови од толку многу измамнички ботови”. Други понудија решенија во форма на екстензии на интернет пребарувачи кои би ги блокирале повеќето од ваквите постови, ако не и сите, но често се поставува прашањето дали блокирањето е решение? Во секој случај многу луѓе ќе се измамат. Тие нема да ги препознаат овие постови како измами и, оттаму, веројатно нема да видат потреба од дополнителни алатки за да ги блокираат. Можеме ли да најдеме начин да ги блокираме конкретните корисници без да паднеме во зајачката дупка на дискусиите за слобода на говор и да одиме по лизгави патишта на цензурата, можеби дури и блокирање на невини корисници?

Иако крипто ветеран ќе ги препознае на прв поглед, тие би можеле да бидат прилично примамливи – и изгледаат многу реални – на почетниците меѓу нас. За да им помогне на луѓето да не станат жртва на “подароци”, Џејк Червински, генерален советник во Compound Finance, протокол на Eтереум за децентрализирани пазари на пари, сподели нова и апдејтирана верзија на измама со подарување, велејќи: “Ако ти си нов овде, те молам не наседнувај на ова. Никој не ви дава бесплатен крипто.”

Уште еден пример беше објавен од Twitter корисникот Burgerpurger, иако тој не успеа да го земе предвид неискуството при пишувањето на неговата изјава, што е повеќе веројатна причина за да се стане жртва на измама, отколку бидувањето “алчен” или “глупав”, особено откако целта на измамниците се неискусните.

Конечно, имаме и пример за имитација, како актерка, филмски продуцент и ТВ-продуцент и домаќин на NBTV, кој е канал на YouTube фокусиран околу технологија, особено блокчејн, Наоми Броквел, која ги предупреди луѓето за измама преку е-мејл што се движи наоколу, со некој што нуди инвестициски совети под нејзино име.

Leave a comment