Запознајте ја Honeyminer: апликацијата која повторно ви овозможува да фармате Биткоин со лаптоп

Новиот софтвер за фармање ветува дека ќе им овозможи на речиси секој да заработи мали количини на Биткоин со Windows лаптоп, давајќи им можност на корисниците да ги искусат почетоците на криптовалутите.

Стартапот на крипто-фармање со седиште во Њу Џерси, Honeyminer тивко започна бесплатна бета во јуни и веќе има достигнато 10.000 онлајн преземања низ целиот свет. Honeyminer им овозможува на корисниците да учествуваат во динамично фармање со стартување на апликацијата кога единицата за графичка обработка на компјутерот (GPU) не се користи да процесира слики или видеа.

Фармањето се фокусира на криптовалутите како што се ethereum, ethereum classic, zcash, monero и другите пријателски настроени валути кои го користат графичкиот процесор. Потоа, на крајот од сесијата, Honeyminer ја испраќа заработката на учесникот, претворена во биткоин, директно во неговиот wallet.

“Личноста која фарма не мора да прави математика или да управува со сите конфигурации и поставки, или рачно да ги проверува цените”, изјави советникот на Honeyminer, Ноа Џесоп, инвеститор во Founder Collective во Сан Франциско.

Тој додаде:

“Ние ја пресметуваме и surplus compute, па секој лаптоп што не го користите целосно на вашите паузи, автоматски ја прави најпрофитабилната пресметка”.

Овој тип на услуга нуди нови можности за луѓето кои сакаат да се здобијат со биткoини, но немаат доволно пари за да инвестираат или имаат ограничен пристап до платформите за размена на криптовалути. Исто така може да го прошири опсегот на учесници во фармањето за криптовалути, што со текот на годините имаше свои бариери за влез кои се наплаќаа скапо, специјализираниот хардвер им даде големи, професионални операциски предности над тие кои ова го прават од хоби.

Алгоритмот Honeyminer автоматски се префрла помеѓу криптовалути на секои 10 минути, во зависност од големината на блокот, ако има ненадејна промена во профитабилноста на фармањето на валутата.

“Ние ги здружуваме луѓето заедно во фармањето за да ги најдеме тие block rewards побрзо. Заедно, имаме поголема хаш стапка”, рече ко-основачот на Honeyminer, Лари Ком. “Не само што те поврзуваме со блокчејните и те анонимизираме преку нас, туку исто така придонесуваме за она што во суштина е фармачки “базен”.

За да бидете сигурни, ова не е најпрофитабилниот начин за фармање на криптовалути, со оглед на пошироката нестабилност на пазарот во споредба со скратувањето на биткоин и Honeyminer, кои се движат од 2,5% до 8% во зависност од квалитетот на хардверот на корисникот. Некој со неколку високо-графички GPU може да очекува да заработи биткоин во вредност од еден долар или два од работата на софтверот речиси цел ден.

Сепак, тоа може да биде еден од најлесните методи до денес. Иако компанијата одби да специфицира колку корисници се во земји каде што е ограничен пристапот за криптовалути, како што е Јордан или Венецуела, повеќе од 18% од корисниците се приклучуваат од земјите во развој.

“Ако слушнете за крипто и сакате да научите, можете да излезете и да платите вистински пари”, рече Џесоп. “Или можете да преземете програма за 30 секунди и да почнете да заработувате свој крипто, бесплатно”.

Разновидно фармање

Софтверот на Honeyminer, делумно, беше инспириран од контроверзиите што го опкружуваат биткоинското фармање. Имено, od начинот на кој многу корисници на софтверот го сметаат Kинескиот производител на хардвер Bitman кој има постигнато речиси монопол од опремата за фармање и како слични мал број фирми контролираат поголем дел од “базените” за фармање.

“Додека го набљудувавме биткоин правилно, трката  ескалира на овој custom хардвер, а потоа луѓето кои имаат пристап до најдобрите silicon tabs  се луѓето кои го контролираат фармањето”, рече Џесоп. “За нас, сето тоа е за зголемување на бројот на луѓе кои имаат пристап до најдобрите во својата класа.”

Но, според Дејвид Ворик, извршниот директор на Nebulous, кој управува со Siacoin и производителот на опрема за фармање Obelisk, ова не може да го промени поширокиот екосистем надвор од привлекување на повеќе љубопитни новодојденци. Особено затоа што софтверот е со затворен код, иако постојат планови за проширување на отворените API-и во иднина.

“Тоа всушност ја зголемува централизацијата, бидејќи сè што сте направиле е преместување на моќта од “базените” или корисниците кои треба да напреднат, до софтверските алатки”, изјави тој. “Во суштина целата моќ лежи со devs на софтверот.”

Размислувајќи за оваа точка, Ворик изјави дека верува дека GPU фармањето речиси целосно ќе исчезне во текот на следните две години, без оглед на се. Тој додаде:

“Ќе ги видиме општите намени на ASICs [хардвер за фармање] кои можат да таргетираат многу алгоритми. Штом се случи тоа, улогата што ја играат графичките процесори ќе исчезне”.

За подобро или полошо, тимот на Honeyminer признава дека ќе треба да понуди дополнителни функции за различни типови на корисници.

За нови инвеститори во малопродажбата, Honeyminer наскоро ќе им дозволи да го испратат својот биткоин во wallets на third-party платформи како Coinbase. Плус, алгоритамот на апликацијата исто така може да им помогне на фармерите со професионални фармерски апаратури.

Без разлика дали тие се евтини лаптопи или pro rigs, “секој компјутер ќе добие поинаква [задача], врз основа на неговите конкретни перформанси или способности, ќе ви се назначи што е најпрофитабилно”, изјави Ком.

Специјализирана верзија наречена Honeyminer Pro е во развој за професионални фармери кои имаат потреба од помош за управување со потрошувачката на енергија и опциите за рачното одбирање кои криптовалути да се фармаат, така што тие не се ограничени на најпрофитабилните или кои coins да се заработат, во случај ако тие не сакаат биткоин.

Зборувајќи за недостигот на user-friendly кориснички алатки за искусни и неискусни фармери, Ком изјави:

“Би рекол дека не постои јасен конкурент за нас, затоа го изградивме она што го изградивме”.

 

Leave a comment