Западнa Вирџинија почнува да користи блокчејн апликација за гласање од мобилни телефони

Западна Вирџинија почна да користи мобилна апликација за блокчејн гласање на неопределено за претстојните избори, објави Slate на 25-ти септември.

Граѓаните на Западна Вирџинија кои моментално живеат во странство, наводно, започнале да користат апликација за гласање во петокот, на 21-ви септември. Апликацијата – наречена Voatz – ќе им овозможи на гласачите регистрирани во 24 земји да гласаат за отсутни гласачки ливчиња преку паметен телефон, главно насочена кон стационирани воени членови во странство.

Тест-проектот за гласање од странство, кој беше достапен само за избрана група избирачи, започна во март и беше успешно завршен на 8-ми мај, денот на првичните избори во Западна Вирџинија.

На почетокот на август, Мек Ворнер, државниот секретар на Западна Вирџинија и Voatz, изјави за CNN за успешниот исход на тестирањето по “четири ревизии на различни компоненти” на платформата.

Следејќи го извештајот, заменик-началникот на Генералштабот на Ворнер, Мајкл Л. Квин, изјави дека секоја посебен округ на Западна Вирџинија ќе ја донесе конечната одлука за користење на апликацијата за изборите во ноември, додавајќи дека на гласачите ќе им биде дозволено да пополнат вистински гласачки ливчиња доколку изберат така.

Блокчејн иницијативата за гласање од странство, предизвика неколку критики, односно загриженост за безбедноста. Џозеф Лоренцо Хол, главен шеф на технологија во Центарот за демократија и технологија, тврди:

“Мобилното гласање е ужасна идеја. Тоа е интернет гласање за ужасно обезбедените уреди на луѓето, преку нашите ужасни мрежи, на сервери кои е многу тешко да се обезбедат без физичка хартија за гласање.”

Бредли Туск од Tusk Montgomery Philanthropies – компанијата која го финансираше развојот на апликацијата – го поддржува блокчејн гласањето. Туск изјави дека гласањето од странство може да поттикне поголема излезност на гласачите и како резултат на тоа, “демократијата ќе работи многу подобро”.

Leave a comment