Жртва на сексуален напад користи крипто за аномимен Crowdfund

Нов случај на употреба се појавува за криптовалутите: помагање на жените кои претрпеле сексуално вознемирување или напад, добиваат финансиска независност, истовремено заштитувајќи ја нивната приватност.

Во овој случај, жртвата на сексуалниот напад го користи процесорот за крипто плаќање Seeds, за да собере 500 долари во септември преку crowdfunding, откако траумата ја оставила неспособна да работи неколку месеци.

Неважно дали ги искористила традиционалните веб-страници како што се Kickstarter или GoFundMe, жртвата ќе мора да обезбеди лична карта и банкарска сметка издадена од владата, за некој што работи на платформата може да се поврзе со нејзината приказна.

Наместо тоа, користејќи го токенот Seeds на ethereum, корисникот кој првпат употребува крипто може да ја зголеми сумата на парите без да го открие својот идентитет на некој директно вклучен, освен извршниот директор на платформата, Рејчел Кук.

Жртвата добила токен – кој чинел помалку од еден долар – како подарок од Кук за да објави “Барање за помош” преку 30 апликации кои ги користат бесплатните front-end алатки на Seeds, како што е Aura, апликација за медитација. Корисниците потоа донираа преку pop-up во апликацијата со нивните кредитни картички.

Обично, тие пари се поделени помеѓу девелоперите на апликации, Seeds добива 10 проценти, и крајниот примател кој го поднел барањето.

Но, во овој случај, Кук се откажа од сите давачки откако ќе се соберело пријавеното барање. Кук изјави дека потребни се само три недели за да се соберат средствата, најбрзото собирање на донации, бидејќи токенот за првпат беше лансиран во октомври 2017-та година.

“Ја сретнав оваа жена лично, случајно, и почнавме да зборуваме за движењето #MeToo”, рече Кук, додавајќи дека луѓето кои се соочуваат со сексуално малтретирање или напади на работа честопати се плашат да проговорат за тоа или да си заминат затоа што не можат да си дозволат да ја изгубат таа работа.

“Преживеаните имаат проблеми да си дозволат да бараат пари”, изјави Кук. “Логиката што ја видов во тоа [#metoo] движење беше дека треба да разговараме за тоа како овој економски [крипто] систем може да ја исполни оваа потреба”.

Кук, која е и самата жртва на таков напад, изјави дека има за цел да ги направи овие анонимни барања подостапни за новите крипто корисници на кои им е потребна помош во трошоците за легално и ментално здравје.

Таа изјави:

“Ние треба да им дозволиме на луѓето да знаат дека ние сме им на располагање и дека луѓето можат да ја користат оваа понудена помош без да се чувствуваат непријатно … Сакаме да ја пополниме таа празнина”.

Билет кон побезбедна околина

Crowdfunding приказната е само еден пример за тоа како жените во крипто заедницата тивко си помагаат меѓусебно и учат да користат различни алатки за надминување на личната траума.

Во еден познат случај во Авганистан, најмалку една жртва на ваков напад соработуваше со биткоин адвокатот, Роја Махбуб, пред неколку години за дискретно да заработи биткоин и да плати за својот развод.

Неодамна во Северна Америка, еротска изведувачка пред камера изјави дека штеди крипто за да се обиде да се извлече од “несреќната” животна ситуација што е штетна за нејзиното ментално здравје. Бидејќи само таа ги контролира приватните клучеви, не мора да се грижи за екстерните докази, како што се извештаи од банка кои неочекувано пристигнуваат во поштата.

“Крипто дефинитивно ми даде алатки за надминување на пречките”, изјави еротскиот изведувач. “Сакам жените да чувствуваат како крипто може да им помогне да се зајакнат себеси поради неговата лесна пристапност”.

Друга жртва на семејно насилство и блокчејн девелопер работи на пакет децентрализирани апликации за управување со парите (dapps), за такви корисници.

“Да се биде финансиски стабилен беше клучната причина зошто јас можев да го напуштам [навредливиот сопруг]”, изјави девелоперот (кој како и еротската изведувачка зборуваше под услов на анонимност). “Преживеаните, како и другите обесправени луѓе, немаат услови за градење на богатство”.

Зборувајќи за тоа како огромното мнозинство на жртви од насилство од интимен партнер вклучува некоја форма на финансиска злоупотреба, кога насилникот го контролира пристапот на жртвата до економски ресурси, девелоперот додаде:

“Главната причина зошто жените остануваат во навредливи односи е поради тоа што тие се зависни од нивните партнери”.

Насока на учење

За разлика од девелоперот и еротската изведувачка, кои често и двете работат со биткоин, жртвата која употреби Seeds токен подоцна го откупи токенот за fiat преку веб-страната на стартапот. Иако жртвите ги добиле средствата со PayPal (што би требало да го знае нејзиниот идентитет), немаше јавни информации што ја поврзуваа со Seeds кампањата.

Во иднина, секоја жртва која сака собере средства, без да понуди какви било лични информации на трети лица, едноставно може да ја побара Кук за алтернативи, изјави таа.

Плус, други може да се здобијат со Seeds токени без потврдена лична карта со помош на платформа за децентрализирана размена како AirSwap или 0x. Сепак, благодарение на транспарентноста на блокчејн трансакциите, жртвите кои купуваат токени со помош на поискусните пријатели можат да држат чекор и да учествуваат без да мора да им веруваат само на оние кои ги подучуваат. Кук изјави:

“Нудиме помош на луѓе кои не се сметаат себеси за крипто професионалци.”

Seeds има обработено околу десетина Барања за помош, од 100 до 1.200 долари. Досега, само едно бил поврзан со траума.

Значи Кук го шири зборот до жртвите кои се отворени кон употребата на крипто, но несигурни при ракување со долготрајно чување на крипто или нивната нестабилнос. За нив, овој токен би можел да понуди побрза исплата, за возврат помалку лични информации споделени со институциите, отколку за мејнстрим биткоин берза или кампања за финансирање.

“Крипто ни овозможува да создаваме системи кои ги надминуваат фаличните, централизирани, структури на моќ”, изјави Кук. “И тоа е она што ни треба повеќе”.

Leave a comment