Етереум платформа – што треба да знаете

Eтереум (Ethereum) е една од најпопуларните блокчејн платформи. Можеби сте ги прочитале написите за Eтереум во врска со децентрализирани апликации (DApps), паметни договори, DAO’s, ICO, како и токени.

Во овој пост, ние настојуваме да одговориме на прашањата што можеби ги имате за Етереум. Ќе донесеме заклучок за тоа што всушност претставува, како функционира, и вредноста што ја додава во крипто сферата и улогите што може да ги игра во иднина.

Што е Eтереум?

Eтереум е едноставно децентрализиран софтвер со отворен код (peer to peer network protocol) кој работи на блокчејн технологијата. Тоа што е децентрализиран значи дека Eтереум работи на мрежа на јазли дистрибуирани низ целиот свет. Ова понатаму подразбира дека ниедно лице не може да ја прекине работата на платформата.

Секој може да работи на мрежата на Eтереум од било каде во светот. Се што им треба е компјутер со интернет конекција и не треба претходна дозвола. Можноста за успешно хакирање на платформата исто така е значително намалена поради недостатокот на централна точка на неуспех.

Eтереум им овозможува на девелоперите да градат, како и распоредуваат DApps на платформата без никаква можност за цензура, прекини, измами, дури и мешање од трети страни.

Кој стои зад Eтереум?

Eтереум е основан од руско-канадски програмер наречен Виталик Бутерин. Тој исто така е ко-основач на Bitcoin Magazine. Виталик сфати дека паметните договори би можеле да променат значителен број индустрии во кои се потребни трети страни за да се изврши трансакција. Добар пример овде е трансформирањето на традиционалните финансии преку елиминирање на потребата за посредници. По спроведувањето на експериментите со помош на јазикот за скриптирање на Биткоин, тој сфатил дека не е доволно обемен за бројот на апликации што ги имал на ум. Тогаш дошол до идејата за Етереум.

За што се користи Етереум?

Eтереум има за цел да обезбеди платформа каде што секој може да креира апликации за промена на податоци и вредност на сигурен начин. Некои од извонредните намени на Eтереум вклучуваат управување со идентитетот, како што се blackstack и граѓански проекти, доверба и транспарентност, crowdfunding, пазари, авторски права, сопствени складишта и раководење.

Еве неколку примери за да се добие перспектива:

ICOs – Најуспешните ICOs, колку што може да се запамети, беа имплементирани на Eтереум блокчејнот. Платформата може да се користи за финансирање на стартапи.

DApps- Неколку DApps се изградени на Eтереум, а можеби и многу повеќе наскоро. Значајни примери вклучуваат; Augur, etherTweet, TenX и Uport.

DAOs- Некои од популарните DAOs на оваа платформа се; Digix.io и Dash.

Првиот чекор за користење на Eтереум е поставување на Етереум паричник и купување на Еther на берза. По поставувањето на вашиот паричник, доаѓате во интеракција со различни апликации на платформата, и можете да испраќате и примате Еther.

Како всушност Етереум функционира?

Eтереум може да се сфати како куп на слоеви изградени еден врз друг. Примарниот слој што ги прави сите други слоеви способни да функционираат е Етереум блокчејнот. Вториот слој се состои од софтвер кој им овозможува на девелоперите да работат со паметни договори на Eтереум мрежата (Solidity). Третиот слој се состои од апликации кои нудат различни услуги (DApps). Значи, како функционираат овие функции?

Етереум блокчејнот

Составен е од разни компјутери наречени јазли. Секој јазол ги потврдува дојдовните трансакции и ги организира во блокови кои потоа се емитуваат на целата Eтереум платформа. Мрежата на компјутери извршува трансакции и ги организира во споделена ledger. Ова овозможува развој на дистрибуирана база на податоци која може да води евиденција за сите информации што се споделуваат во мрежата. Трансакциите може да ја комбинираат вредноста што ја носат Еther и информациите во форма на код кој поминува низ податоци и предизвикува дејствување.

Постојат неколку акционери во блокчејниот екосистем. Овие акционери се јазлите, light клиентите, берзите и фармачите. Јазлите наметнуваат консензус и валидираат трансакции. Улогата на light клиентите е да ги поврзат јазлите за да можат да примаат суштински податоци за моменталната состојба на блокчејнот.

Секој кој поседува Етереум паричник може да врши безбедни трансакции на платформата без да мора да работи на јазол. Корисникот може да ја користи платформата без да презема големи количини на податоци или да ги обработува копиите од секоја извршена трансакција.

Solidity

Solidity е програмскиот јазик на Етереум платформата. Јазикот е многу сличен на JavaScript. Секој што го користи Eтереум му е дозволено да креира токени кои можат да бидат разменети од страна на сите корисници во мрежата. Ова овозможува широк спектар на апликации за корисниците. Ако сте заинтересирани да научите како да програмирате Solidity, можете да најдете бесплатни онлајн вежби, како и на официјалната веб-страница на Етереум.

DApps

Eтереум работи како децентрализиран светски суперкомпјутер кој овозможува извршување на апликации од трети страни. На платформата постојат над 900 апликации. 30 отсто од нив се веќе пуштени во живо, додека останатите 70 отсто се уште се во развој. Транспарентната природа на Eтереум ги охрабрува девелоперите од различни делови на светот да градат и да создадат огромна и силна заедница чија цел е да ги проширува апликациите и функционалностите на платформата. Децентрализираните апликации имаат неколку предности во однос на централизираните приватни апликации. Некои од придобивките кои ги нудат  peer to peer апликациите се транспарентност, издржливост и подобар код.

Што е следно за Етереум?

Eтереум е млада технологија. Додека протоколот во следнава деценија може да ја достигне својата финална состојба, корисничките случаеви и DApps добиени од оваа технологија може да продолжат да се развиваат за неодредено време. Сите DApps кои работат на платформата бараат Еther да се потроши како провизија за трансакција во форма на гас за да функционира. Вредноста на Ether се зголемува како што мрежата продолжува да се усвојува на глобално ниво.

Во 2018-2019-та година, два главни софтберски надградби, Sharding и Casper, ќе бидат поставени за да помогнат во скалабилноста на трансакциите на платформата. Надградбите ќе ги зголемат трансакциите на платформата 1000x.

Платформата сè уште бара уште поголемо скалирање за да може да биде домаќин на DApps со огромна популарност. Исто така, може да биде неопходно да се провери и да се обезбеди сигурноста на платформата како што продолжува да расте. Како што изгледа по сето ова; Етереум го чека светла иднина.

Leave a comment