Екс-извршниот директор на JP Morgan: Блокчејн може да биде клучот за избегнување на следната глобална финансиска криза

Поранешниот потпретседател на северноамериканското инвестициско банкарство во JPMorgan Chase изјави дека блокчејн “можеби е клучот за избегнување на следната глобална финансиска криза”, објави денеска China Economic Times.

Панг Хуадонг, моментално почесен академски советник на Азискиот блокчеин институт, рече дека неговото искуство во JPMorgan за време на врвот на финансиската криза во 2008-ма година, го натерало на мислењето дека блокчејн може да биде клучна технологија за воспоставување на транспарентност и доверба во глобалниот економски систем:

“[Кога почнав да работам во JPMorgan во 2007-ма година,] 13 луѓе менаџираа со [банкарските] 40 милијарди долари [средства] …. кога финансиската криза во 2008-ма година беше најлоша, просечната дневна загуба беше 300 милиони долари. Постепено почнував да сфаќам дека блокчејн технологијата може да биде клучот за избегнување на следната глобална финансиска криза.”

Хуадонг додаде дека иако технологијата се уште е “во многу рана фаза”, нејзините изгледи за развој се “неограничени”. Тој ја изолира иновацијата на камен-темелникот на блокчејн – а тоа е воспоставување на дисперзирани и транспарентни системи – како потенцијал за радикално намалување на глобалните финансиски ризици и “воспоставување механизми за доверба по најниска цена”.

Додека политиката на Кинеската влада останува тешка за децентрализираните криптовалути, блокчејн добива сила од лидерите на политичките, академските и финансиските сектори – дури и од претседателот на земјата Кси Џинпинг, кој отворено го пофали неговиот потенцијал оваа пролет.

Само минатата недела, официјалниот весник на Кинеското Министерство за наука и технологија објави дека земјата ќе води меѓународна истражувачка група за стандардизација на Internet of Things (IoT) и блокчејн технологијата.

На 16-ти јули заменик-директорот на Кинеското Министерство за информатичко општество побара од земјата “да ги обедини” силите за да го поттикне блокчејн како “јадро” за новата дигитална економија и се заложи за олеснување на институционалните ограничувања со цел да се оптимизира животната средина за неговата интеграција.

Leave a comment