Експерти: Финансиските компании треба да ја заменат својата IT инфраструктура за да ги прифатат блокчејн и крипто

Експертите од блокчејн и крипто индустријата велат дека финансиските институции ќе мора да ја заменат постоечката внатрешна IT инфраструктура за поголемо усвојување на блокчејн и дигитални валути, соопшти Шкотската новинска агенција Scotsman на 9-ти ноември.

Одржувајќи говор на конференцијата ScotChain18 во Единбург, посветена на влијанието на блокчејн-технологијата врз трговијата, Џереми Дрејн од софтверската компанија Libra, која е фокусирана на криптовалути, наводно изјави дека “постојат претпоставки од страна на некои компании дека нивната тековна инфраструктура ќе прифати крипто и блокчејн”. Дрејн понатаму објасни дека податоците на овие фирми се премногу различни, па затоа нивните системи не можат да работат со блокчејн и крипто.

Другите учесници, како што е главниот советник во Deloitte за ризик, fintech и RegTech, Кент Мекензи, и Аполина Бландин од Кембриџ центарот за алтернативни финансии, се осврнаа на регулативните предизвици за блокчејн со кои се соочуваат владите и потребата за стандардизација во индустријата. Извршниот директор на smart contracts провајдерот Monax, Кејси Кулман, наводно изјави:

“Предлогот за вредност не е јасен поради различната технологија вклучена во секое крипто решение”.

Извршниот директор на MBN Solutions, Мајкл Јанг, изјави дека бидејќи “многу” компании го истражуваат блокчејнот и адаптирањето кон нивните бизнис стратегии, тоа ќе ја отежне способноста на традиционалните IT инфраструктури за оддржување на “новиот поредок”. Јанг заклучи:

“Без исклучок, изгледа дека успешните приказни имаат една заедничка карактеристика: им е потребна вистинската инфраструктура за да се обезбеди брз, беспрекорен и сигурен пренос и обработка на податоци за блокчејнот. Додека ова не е проблем за многу стартап компании во блокчејн просторот, ова може да значи целосно преиспитување за големите корпорации кои сакаат да продолжат со оваа фундаментална технологија.”

Кон крајот на октомври, Јапонската компанија за IT опрема и услуги Fujitsu, ги објави своите планови за изградба на платформа за меѓубанкарски порамнувања, базирана на блок;ejn, како дел од заедничкиот проект со девет домашни банки. Проектот има за цел да ја “потврди одржливоста на блокчејн технологијата” и ќе користи неименувана “дигитална валута” за правење на исплати.

Moscow Exchange (MOEX) во јуни објави дека подготвува инфраструктура која ќе им овозможи на компаниите да спроведат ICO и очекуваат оваа година да биде лансирана. За извршниот директор на MOEX Александар Афанасиев, берзата нема да ги наведе токените, туку ќе обезбеди информации за одговорностите на издавачите на токени, како и за издавањето на futures договори за ICO под услов да има доволна побарувачка од инвеститори.

Leave a comment