Едно од врвните трговски IT здруженија објави блокчејн водич за јавниот сектор

Индустриската асоцијација за компјутерска технологија (CompTIA) објави водич за блокчејн технологијата, наменета за вработените во јавниот сектор. Извештајот, насловен како “Искористување на блокчејн револуцијата”, беше објавен во вторникот, на 24-ти јули.

Едно од врвните трговски здруженија во IT индустријата, CompTIA објави водич со наслов “Искористување на блокчејн револуцијата: Практичен водич на CompTIA за јавниот сектор”. Извештајот вклучува препораки за федералните и државните влади за тоа како “да помогнат во управувањето со ризикот, да поттикнат економски развој и да развијат силен регулаторен режим”, користејќи ја блокчејн технологијата.

“Блокчејн технологијата е можеби технологијата за која најмногу се зборува, а сепак е најнеразбрана од новите технологии во светот денес”, тврди CompTIA. Тој понатаму коментира:

“Државните и локалните власти, исто така, почнаа да применуваат блокчејн, на пример, во регистар за сопственост на земјиштето и здравствените услуги. Во приватниот сектор, пак, компаниите најавија големи блокчејн инвестиции, како што се Walmart и IBM, партнер во пилот-проектот за обезбедување на синџирот на снабдување со храна.”

Здружението исто така беше домаќин на настанот на 24-ти јули на кој присуствуваше и конгресменот од Аризона, Дејвид Швајкерт, кој се фокусираше на технолошките иновации за бизнисите овозможени од страна на блокчејн технологијата. “Постојаниот проширен дострел на блокчејн помага да се редефинира правењето на бизнисите во Америка и во светот “, се вели во соопштението.

Претходно овој месец, САД беше прогласена за “најповолна” земја за ICO, објави Cointelegraph на 14-ти јули.

Во меѓувреме, Американскиот конгрес неодамна разговараше за можноста за издавање на дигитална валута на централната банка на САД (CBDC) и за употреба на блокчејн технологијата во владата на земјата, наидувајќи на многу негативни ставови за време на сесијата.

Leave a comment