Едноставно објаснување за што претставува Етереум

Етереум (Ethereum) е децентрализирана платформа која работи со паметни договори: апликации кои работат така како што се програмирани без можност за прекин, цензура, измама или мешање од трети лица.

И покрај тоа што Етереум е основана кон крајот на 2014-та година, а обемот на написи кои ја објаснуваат сложеноста на технологијата порасна во изминатата година, концептот сепак останува премногу сложен за нејзино сфаќање. Оваа жолта книга напишана од главниот технолошки директор на Етереум, Гевин Вуд или оригиналната бела книга напишана од основачот Виталик Бутерин, укажуваат на поддршка на сложеноста на концептот.

Оваа статија е наменета за просечниот корисник на интернетот – некој што користи апликации, но не мора да ги развива, прави купувања преку интернет, но не мора да разбира како се извршуваат зад сцената.

 Предлагаме да ги проверите овие линкови од тимот на основачи на Eтереум и да одлучите дали ви е потребно поедноставно објаснување.

Ethereum for Dummies by Dr. Gavin Wood [главен технолошки директор, Eтереум]

Ethereum explained in 100 seconds [Гевин и Виталик]

What is Ethereum? [слајдови од тимот на Етереум]

Ако сепак да, тогаш да продолжиме:

Да започнеме со компјутерот.

Ако гледавте барем дел од горенаведеното видео, главниот технолошки директор на Eтереум, Гевин Вуд го опишува како: глобален компјутер”.

Би сакале да се држиме до темата на Гевин и да разгледаме на што он мисли. Компјутерот, едноставно кажано, е компјутерска машина: зема внесувања, ги обработува користејќи одредени инструкции и создава резултати.

 Сега, да си замислиме дека сакате да снимите песна на вашиот компјутер. Може да симнете некој софтвер за снимање, започнете да пеете и да ја зачувате песната како датотека на компјутерот. Имате целосна контрола и сопственост на оваа датотека.

Или можете да користите апликација како Soundcloud и да ја снимите вашата песна директно на cloud. Вие се уште ја поседувате оваа песна, но Soundcloud технички може подоцна да одлучи да ја смени политиката за сопственост.

 Cloud способностите во суштина им овозможуваат на крајните корисници да ја пренесат сопственоста на ресурси, како што се компјутерската моќ и складирање во компании чиј единствен бизнис е одржување на таквите ресурси. Според дизајнот, ова е централизирана контрола на ресурсите.

Наместо да ја снимите вашата песна на Soundcloud, замислете дека сте успеале да ја зачувате песната на илјадници компјутери ширум светот. Ако сте користеле torrent услуга, веднаш би знаеле за што зборуваме. Ова е по дизајн децентрализиран систем.

 Во своето јадро, Eтереум користи блокчејна технологија. Во сложена смисла, ова значи дека глобалниот компјутер на Eтереум е дизајниран да ги обработува упатствата на децентрализиран начин, потпирајќи се на моќта за процесирање и складирање на повеќе компјутери или “јазли”. Со ова, ќе го прошириме описот на Гевин за Етереум и ќе го наречеме: децентрализиран глобален компјутер

Кои видови инструкции ги обработува Eтереум?

Во видеото, Гевин продолжува да користи друга аналогија за да го опише Eтереум.

Ако биткоин е криптофинансии, Eтереум е криптозакон

Повторно, ајде да ја објасниме неговата изјава на вистински начин. Во обид да ги генерализираат придобивките и намените од системот на децентрализирана валута (Биткоин), основачите на Eтереум се осврнаа кон законот, поточно договорите, како следниот логички еволутивен чекор. Во светот на валути и трансакции, договорите изгледаа како најефикасен механизам за да се спроведе довербата.

Со пресметковните и програмските предности на блокчејните, Етереум има за цел да ги направи договорите попаметни. Како резултат на тоа, Eтереум еволуираше во платформа која работи со паметни договори. Според Eтереум, сè што може да биде математички претставено може да се програмира и да се стави во паметен договор. Понатамошно проширување на нашата дефиниција од порано, Eтереум може да се опише како:

“децентрализиран глобален компјутер што ги обработува паметните договори”

Како работат овие паметни договори?

Ајде да се вратиме на нашата компјутерска аналогија: утврдивме дека “глобалниот компјутер на Eтереум” е способен за обработка на инструкции. Дополнително, Eтереум очекува овие инструкции да бидат програмирани како договор, односно договор помеѓу две или повеќе страни кој овозможува трансакција.

 Да симулираме договор, да замислиме дека сакате да продадете песна која вие сте ја снимиле.

Прво, ние го дефинираме договорот во кој се наведува дека песната ќе биде достапна за преземање кога ќе се изврши исплата од 1 долар. Технички, реалните светски валути не можат директно да се стават на располагање на Етереум мрежата.

 Следно, за да го додадете овој договор на блокчејн, треба да се претвори во парче код кој ја извршува едноставната инструкција:

‘Плати 1 долар → преземи датотека’.

Програмирањето на оваа инструкција е овозможено од страна на сопствениот јазик за договори на Етереум наречен ‘Solidity’. [Забелешка: Eтереум им овозможува на програмерите да користат такви алатки за да изградат апликации за крајните корисници. Корисниците нема да имаат потреба од програмирање за да креираат договори]

 Кога оваа инструкција е кодирана и распоредена во блокчејн, на договорот му е доделена адреса која изгледа нешто како:

“0xdaa24d02bad7e9d6a80106db164bad9399a0423e”.

Ова е адреса која се наоѓа на блокчејнот и станува основа за сите идни трансакции.

Во нашиот пример, кога некој корисник на пр. Алис сака да ја преземе вашата песна, таа ќе ја ископира оваа адреса на нејзиниот крипто-паричник (или прво ќе креира паричник), а во рок од неколку секунди, средствата ќе бидат потврдени од блокчејнот, 1 долар ќе биде префрлен во вашиот крипто паричник, а песната ќе биде достапна Aлис да ја симне.

Бидејќи блокчејниот екосистем е сè уште млад, обработката на трансакции не е толку интуитивна или директна како типичните онлајн трансакции на кои сме навикнати. Меѓутоа, ова брзо се менува, но со голем број нови апликации се фокусираше на подобрување на корисничкото искуство.

Зошто е паметно да се извршуваат договори на овој начин?

За да го цениме генијот зад паметните договори на Eтереум, ќе треба да погледнеме како се извршуваат договорите денес. Ајде да видиме што се случува зад сцената кога купуваме песна од iTunes.

 * Кога Алис ја купува нашата песна на iTunes користејќи ја нејзината кредитна картичка (претпоставуваме Chase), банката (претпоставуваме BoFA) која ги обработува трансакциите со кредитни картички за Apple испраќа барање за овластување на плаќањето на Chase.

* Chase потоа враќа шифра за овластување доколку балансот на Алис ќе се провери. Сепак, се уште не се префрлени парите.

 * Трансакцијата на Алис заедно со секоја друга трансакција на BoFA се зачувува и се испраќа за обработка на MasterCard (процесор за кредитни картички) следниот ден.

 * MasterCard ја испраќа трансакцијата на Aлис на Chase, повлекува 1 долар од нејзината сметка,  наплаќа мал надомест и го испраќа преостанатиот износ на Apple преку BoFA.

* Конечно, Apple го одзема неговиот дел од тој 1 долар пред да ги внесе парите на нашата банкарска сметка.

 Како што можете да видите, типичен договор помеѓу две страни бара арбитража или ревизија од трети страни за да го легитимизира договорот. Во горенаведениот пример од трети лица се бара да го обработат плаќањето (кредитниот процесор) и да задржат пари (банка). Етереум е дизајниран да ги отстрани обете страни.

Прво, блокчејната технологија ги заменува ентитетите за обработка на плаќања со користење на непроменлив и сигурен процес на верификација кој веднаш се извршува. Безбедното водење евиденција е една од главните причини поради кои големите финансиски институции ја ценат блокчејната технологија.

 Второ, банките на двата краја на трансакцијата се заменуваат со дигитални паричници, поврзани директно со поединци и обезбедени со сложени математички криптографски функции.

 За да одговориме на нашето првично прашање, интелигенцијата овозможена од Eтереум за програмско извршување на договори и зајакнување на довербата преку блокчејнот ги прави овие договори паметни по дизајн.

Leave a comment