Една од поголемите руски авиокомпании тестира блокчејн во понуда за следење на плаќањата за гориво

S7, една од најголемите авиокомпании во Русија, тестира апликација базирана на блочејн која ги следи податоците и документите поврзани со процесот за полнење на гориво во авионите.

Авиокомпанијата во понеделникот објави дека ја испитува апликацијата со снабдувачот на горива Gazpromneft-Aero и Alfa-Bank, најголемата приватна банка во Русија, на домашен лет од меѓународниот аеродром Толмачево.

Според S7, апликацијата ги споделува податоците за потребата на гориво на заедничка книга, чија копија е раководена од секоја од трите страни. Понатаму, плаќањата за гориво може да се вршат на мрежата, со дигитални фактури креирани преку паметни договори за време на секоја трансакција.

Целта е да се забрза брзината на трансакциите “без да се бара авансно плаќање и банкарски гаранции”, се вели во соопштението на авиокомпанијата. Таа додаде дека бидејќи технологијата елиминирала “голем број на рачни операции”, целиот процес траел “60 секунди”.

“Ова е автоматска операција за тргување помеѓу три страни: банка, авиокомпанија и снабдувач на гориво. Со фактот дека полнењето на гориво на авионот е во согласност со однапред утврдените правила, се прават помирувања и отписи”, изјави Павел Воронин, заменик-шеф во S7 за информатичка технологија, се вели во соопштението.

Ова тестирање го претставува најновиот напор на S7 за пробно имплементирање на блокчејн  апликации за бизнисот на авиокомпанијата.

Како што CoinDesk објави во јули 2017-та година, S7  започна со издавање на патнички билети преку ethereum блокчејн, како дел од партнерството со Alfa-Bank.

Leave a comment