Еден милион компјутери хакнати за да се фармаат криптовалути вредни два милијарди долари

Штетен софтвер за фармање на крипто, кој ‘заразил’ над милион компјутери во Кина, наводно, им заработил на своите творци повеќе од 2 милиони долари во текот на две години.

Според локалниот извештај за медиумите во понеделникот, полицијата во кинескиот град Да Лиан уапси 20 осомничени од фирма за компјутерски технологии, која наводно, добила контрола над големиот број компјутери, со цел да профитира од нелегалното фармање на криптовалути.

Хакерите го создадоа и вградија штетниот софтвер во приклучоците на интернет browser-ите што ги развија за разни намени, како што се зголемената брзина на прегледување, која беше прикажана во рекламите на дисплејот кои стигнаа до 5 милиони компјутери во земјата.

Со кликнување на рекламите на екранот и инсталирањето на приклучоците, повеќе од еден милион компјутери беа ‘заразени’, во изминативе две години фармајќи вкупно 26 милиони digibyte, decred и siacoin токени, според извештаите на полицијата.

Хакерите очигледно се одлучија за фармање помали криптовалут, бидејќи тие не бараат такви значителни количини на компјутерска моќ, дозволувајќи им процесот на back-end фармање да биде незабележан од жртвите.

Извештајот, исто така, посочи дека хакерите развиле мрежа од повеќе од 100 оператори за да помогнат во пропагирањето на недозволениот софтвер за фармање, како на пример, преку работни односи со интернет-кафулиња.

Веста следи по претходниот извештај во кој друга група хакери беше разбиена во Кина поради наводна соработка со локалните компјутерски компании за одржување, за да пробијат над 100.000 компјутери во сопственост на интернет-кафулиња, исто така за фармање на siacon.

 

Leave a comment