Европскиот парламент повика на зголемено усвојување на блокчејн во трговијата

Европскиот парламент повика на мерки за зголемување на усвојувањето на блокчејн технологијата во трговијата и администрацијата со привремена резолуција објавена на 13-ти декември.

Резолуцијата наречена “Блокчејн: прогресивна трговска политика” генерално го смета блокчејн како приватна дозволена технологија на дистрибуиран ledger (DLT), но исто така признава дека “разни студии на случаи на употреба и индустрии ќе добијат различна корист од мешавина од приватни / јавни, со  / без претходна дозвола за употреба блокчејни.”

Резолуцијата забележува дека Договорите за слободна трговија (FTA) во ЕУ се недоволно искористени – само 67 отсто од ЕУ извозниците и 90 отсто од ЕУ увозниците ги користат повластените тарифи – и дека блокчејн би можел да помогне во подобрувањето на овие трговски политики.

Авторите на резолуцијата наведуваат дека “извозниците би можеле да ги префрлат сите свои документи во јавна овластена апликација поткрепена со блокчејн, и да ја покажат нивната усогласеност со привилигиран третман доделен од страна на Договорот за слободна трговија.”

Парламентот, исто така, наведува дека блокчејн технологијата има потенцијал за “обезбедување доверба во потеклото” на производите и помагање и овозможување на царинските органи да ги добијат потребните информации за царинските декларации.

Севкупно, во резолуцијата се предлага дека технологијата DLT е како начин за “зголемување на ефикасноста, брзината и обемот на глобалната трговија со ограничување на трошоците поврзани со меѓународните трансакции.”

Документот завршува со повикување на Европската комисија “да ги следи случувањата во областа на блокчејнот” и да развие “збир на водечки принципи” за неговите намени. Тој, исто така, ја повикува комисијата да формира советодавна група за оваа технологија и да спроведува истраги за нејзината политика. Европскиот парламент вели:

“ЕУ има можност да стане лидер во блокчејн областа и меѓународната трговија, и треба да биде влијателен актер во обликувањето на нејзиниот развој на глобално ниво, заедно со меѓународните партнери.”

Претходно овој месец, седум земји-членки на ЕУ објавија декларација со која се повикува да се промовира користењето на DLT во регионот. Декларацијата беше иницирана од Малта, а потоа потпишана од Италија, Франција, Кипар, Португалија, Шпанија и Грција.

Сепак, претседателот на Европската централна банка (ECB), Марио Драги, наводно, во септември објави дека нема планови за издавање сопствена дигитална валута. Исто така, во средината на ноември, член на Извршниот одбор на ECB го нарече Биткоин (BTC) “лош производ од [2008] финансиската криза”.

Leave a comment