Европската Централна банка: Libra нема да биде лансирана се додека регулаторите не се задоволни

Бено Коуре, член на одборот на Европската централна банка, изјави дека Facebook монетата Libra, нема да биде лансирана се додека глобалните регулатори не бидат задоволни.

Говорејќи за Reuters на самитот на Г-7 во Шантил, Франција на 18-ти јули, Коуре изјави дека предложената “stablecoin” мора да гарантира дека ќе биде безбедна за корисниците пред да може да биде лансирана:

“Мора да бидете безбедни, отпорни и прилагодливи уште од првиот ден. Тоа не е процес на учење: или функционира или не.”

Коуре изјави дека гарантирањето заштита на приватноста на корисниците и сопственичките права може да бара значително разгледување и долги дискусии од страна на регулаторите:

“По пат би можеле да откриеме дека постојат празнини или недоследности што би барале подолготрајна дискусија од страна на регулаторите за тоа како да се изведе тоа поинаку. Властите нема да дозволат такви проекти да се случат пред да добиеме целосни одговори на нашите прашања и пред да имаме соодветна регулаторна рамка”.

Претходно овој месец, Коуре повика на брза акција од глобалните регулатори во однос на Libra. Официјалниот претставник на Европската Централна банка изјави дека ако се дозволи воведување на сосема ново средство како што е Libra во толку голем обем, без соодветни прописи и заштитни мерки, ќе биде неодговорно.

Коуре, исто така, изјави дека брзиот развој на дигиталните и крипто средства ги изложи празнините и недостатоците во постоечките регулаторни структури и покажа колку се бавни банките кога треба да се усвојат нови технологии.

“Сите овие проекти се прилично корисен повик за будење за регулаторите и властите, бидејќи тие нè охрабруваат да покренеме голем број прашања и може да нè натера да го подобриме начинот на кој работиме”.

Службената работна група на Г-7 за stablecoins, наводно, ќе го разгледа прашањето што води до годишниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд во октомври, при што тој наводно ќе ја предаде работата до Одборот за финансиска стабилност.

Leave a comment