Европската централна банка само што покажа колку е биткоин подобар

Европската централна банка (ЕCB), централната банка за еврозоната, ненамерно го забрзува усвојувањето на криптовалути, верува заедницата- а тоа е токму последното нешто што таа сака да го прави. Ова доаѓа откако тие изјавија дека секогаш можат да создадат пари, а крипто заедницата брзо одговори со обвинувања за измама.

Банката ја започна темата на Twitter под хаштагот #AskECB, а Twitter корисникот @Gianluca844 ја искористи шансата да праша: “Од каде добивте пари за [квантитативно олеснување]?” Банката одговори:

Одговорот му се припишува на Петар Пра, член на извршниот одбор и главен економист на ЕCB.

Квантитативно олеснување (QE), исто така познато како купување на средства од големи количини, е експанзивна монетарна политика со која централната банка, која е ЕCB во овој случај, купува предодредени износи на државни обврзници или други финансиски средства со цел да се стимулира економијата и да се зголеми ликвидноста.

Оваа операција започна во 2015-та година и беше завршена до крајот на 2018-та година, за време кое ЕCB потроши 2,6 трилиони евра (3 трилиони долари), купувајќи главно владини, но исто така и корпоративни долгови, хартии од вредност поддржани со средства и покриени обврзници, со темпо од 1,3 милиони евра во минута, според Reuters. Тоа е еднакво на околу 7.600 евра (BTC 2.23) за секое лице во валутниот блок.

Крипто заедницата се огласи во врска со одговорот, со многу од нив твитајќи за Bitconnect Ponzi шемата, која од нејзиното пропаѓање стана синоним за сомнителни дела.

“Централните банки го рекламираат биткоин подобро отколку што ние можеме”, одговори Twitter корисникот @Zackvoell, додека корисникот @wiz има повеќе да каже: “Светот сега ги отвора очите кон вашата измама за ограбување на луѓето од нивната куповна моќ со бескрајно печатење на банкноти на безвредна хартија. Глобалната економија ќе го имплементира новиот стандард на Биткоин за да ја избегне вашата измама и да спречи понатамошна кражба од страна на централните банки.”

“Како потсетник, кога централните банки и владите ќе одлучат едноставно да испечатат повеќе пари, тие крадат богатство од мнозинството  население и ги збогатуваат елитите. Според [Меѓународниот монетарен фонд], инфлацијата е една од главните причини за нееднаквоста во приходите во светот “, пишува во својот билтен Антони Помплиано, коосновач и партнер на Morgan Creek Digital, дигитална компанија за управување со средства.

Тој понатака објасни “инфлацијата води кон зголемување на цените на вистинските средства (недвижен имот и сл.), кои воопшто се во сопственост на елитите.”

“Централните банки можеби ќе можат да отпечатат повеќе fiat долари, но на крајот Ponzi шемата ќе заврши. Кога ќе се случи тоа, Биткоин ќе биде тука, редок како и секогаш, со неможноста некој да печати повеќе”, заклучи познатиот Биткоин bull.

Интересна поента беше покрената од страна на корисникот @spiroseliot, кој твитна слика од улица, наводно во Венецуела, која беше наполнета со хартиени пари, кои беа прогласени безвредни поради неодамнешната хиперинфлација на земјата.

Една од главните поенти што биткоинските застапници ги покренаа како предност во однос на политиките на централната банка е фактот дека Биткоин е ограничен на 21 милион единици, што значи дека во време на недостаток, не може да се печати, што ја спречува инфлацијата. Меѓутоа, поради законите на понудата и побарувачката, цената на индивидуалните биткоини би се зголемила. Дополнително, поради својата децентрализирана и математичка природа, средството не може да се контролира од кој било даден субјект.

Од друга страна, QE беше лансиран како начин да се спречи инфлацијата под нула од натамошно удвојување на економијата која сé уште се опорава од должничката криза во еврозоната во март 2015-та година. И покрај тоа што го подигна економскиот раст, помагајќи во зголемувањето на платите и кредитирањето, со задржување на инфлацијата на умерено ниво, ЕCB, исто така, беше критикувана бидејќи купувањето на обврзници ги намали дефицитните каматни стапки и и наштети на профитабилноста на европските банки.

Во меѓувреме, Базелскиот комитет, примарен глобален поставувач на стандард за прудентни регулативи на банките, нагласи дека “крипто-средствата” [кои] понекогаш се нарекуваат “крипто-валути”, не ги обезбедуваат стандардните функции на пари и се небезбедни за да се искористат како средство за размена или чување на вредност.

“Крипто-средствата не се законско средство и не се поддржани од ниту една влада или јавен орган”, изјави Комитетот во своето соопштение.

“Тие претставуваат голем број ризици за банките, вклучувајќи го ризикот на ликвидност, кредитниот ризик, пазарниот ризик, оперативниот ризик (вклучувајќи измами и сајбер-ризици), ризикот од перење пари и финансирање на тероризам и правни и репутациски ризици”, додадоа тие.

Leave a comment