Европа лидер со крипто тргувани производи на берзите

На 16-ти ноември, примарната берза во Швајцарија, SIX Swiss Exchange, објави дека ќе го вклучи првиот во свет мулти-крипто тргуван производ (ЕТП).

Производите (ETP) се дериватни хартии од вредност со кои се тргува на национална берза. Нивната цена ја добива својата вредност од други инвестициски инструменти, кои најчесто се во форма на стоки, акции и индекси.

Првиот глобален мулти-крипто ЕТP ја има поддршката на Швајцарскиот стартап Amun AG  и ќе биде наведен под симболот HOLD. Според соопштението, ETP ќе ги следи петте најголеми криптовалути во секторот: Биткоин (BTC), Ethereum (ETH), Bitcoin Cash (BCH) и Litecoin (LTC).

Најавата, исто така, открива дека секоја од петте криптовалути ќе добие одреден степен на удел на пазарот во рамките на ЕTP, иако Биткоин, наводно, ќе сочинува околу половина од целокупната актива на ЕТP. XRP, сега втората по големина криптовалута, ќе сочинува 25,4 отсто од активата, по што следат Ethereum со 16,7, Bitcoin Cash со 5,2 отсто и Litecoin со 3 отсто.

И покрај многуте надежни продукти низ крипто-секторот што се обидуваат да го забрзаат мејнстрим усвојувањето, проблемите со регулативата остануваат сериозна и постојана бариера за напредокот. Хани Рашван, коосновач и главен извршен директор на Amun AG, не ја занемари оваа потенцијална опасност и тврди дека производот ќе се усогласи со постојните строги политики кои важат за сите други ЕТP.

Официјалната веб страница на Amun AG вели дека SIX Swiss Exchange е четврта по големина берза во Европа и има пазарна капитализација од 1,6 трилиони долари.

Додавањето на мулти-крипто берзата не е прв експеримент на Европа со крипто ЕТP’s. Шведската компанија XBT Provider го води профитабилниот производ CoinShares кој се тргува на берза од 2015-та година. Ова е најновиот крипто развој во Шведска, држава позната по својот отворен пристап кон иновациите во fintech секторот, како и земја која се предвидува да стане првата “безготовинска економија”.

Coinshares има две биткоин тракери: XBT Bitcoin Tracker One (COINXBT) и XBT Bitcoin Tracker Euro (COINXBE). И двата тракери тргуваат и со евра и шведски круни. Производот им доделува 200 акции како еднакви на цената на еден Биткоин за тргување во шведска круна и 20 акции на еден Биткоин за еврото. Производот е достапен за инвеститорите од цела Европа и собра повеќе од една милијарда долари од своето прво најавување на Nasdaq Stockholm во 2015-та година, водечки девелопери ќе лансираат дополнителни верзии во соседните Данска, Латвија, Финска и Естонија.

Coinshares го привлече вниманието на милијардер крипто инвеститор Марк Кубан уште на почетокот. Говорејќи на Vanity Fair New Establishment Summit во Лос Анџелес, Кубан го коментираше своето инвеститорско искуство и обемот на вредноста на средствата:

“Интересно е затоа што има многу средства кои нивната вредност се базира само на понудата и побарувачката. [Со] повеќето акции, не постои суштинска вредност, бидејќи немате вистински сопственички права и немате право на глас. Вие само имате можност да ги купите и продадете тие акции. Биткоин е ист. Неговата вредност се базира на понудата-побарувачка. Јас купив неколку ETN преку Шведска берза.”

Според Bloomberg, COINXBE има вкупна актива од 96,5 милиони евра, а COINXBT има вкупна актива од 986,3 милиони шведски круни.

Светлина на крајот од тунелот за ЕТP

Од мешаните коментари и ставови од крипто-играчи, се чини дека идејата дека крипто производите со кои се тргува на берзите заземаат залет, и најверојатно, ќе влезат во овој сектор, без оглед на тоа дали всушност ќе ја збогатуваат крипто сферата или не. И покрај напредокот што се прави за спроведување на овие инвестициски инструменти и во Шведска и во Швајцарија, вистинскиот лакмусов тест ќе биде регулаторната одлука на SEC.

Leave a comment