Дубаи – блокчејн оазата на ОАЕ: од јавен во приватен сектор

Во некои земји низ светот, владите имаат задушен ефект врз усвојувањето на блокчејн технологијата. Спротивно на тоа, владата на Обединетите Арапски Емирати и Дубаи беа движечка сила зад промовирањето на употребата на блокчејн во земјата.

2018-та има забележано некои значајни случувања на овој фронт, но темелите биле поставени пред неколку години.

Низ приватниот и јавниот сектор, имаше притисок да се инкорпорира оваа нова технологија за ремонт на сегашните системи. Ова вклучува и планови за започнување на криптовалута што ќе ја користат граѓаните и владините служби.

EmCash

Првиот предлог за официјална Дубаи криптовалута наречена emCash дојде во октомври 2017-та година. Криптовалутата се смета дека ќе се користи за исплати за услуги во владини и невладини служби – и е врзана за Дирхам валутата на ОАЕ.

Потрошувачите би можеле да користат emCash во следните неколку месеци откако владата потпиша договор со голем број странки да воспостави места  за плаќања за оваа криптовалута.

Партнерството беше објавено на 9-ти октомври, во кое се вбројуваат и EmCredit, подружница на Одделот за економски развој во Дубаи, снабдувачот на платежни услуги Pundi X и партнер Ebooc Fintech & Loyalty Labs LLC.

Ebooc ќе биде одговорен за обезбедување на терминали за продажба во продавниците за малопродажба, додека пак Pundi X се очекува да создаде 100.000 продажни единици во текот на следните три години.

Регулативи – ICO води кон претпазлив пристап

Централната банка на Обединетите Арапски Емирати почна да работи на легислативи на почетокот на 2017-та година кои се осврнуваат на користењето на криптовалути во земјата.

Ова кулминираше со извештајот на Регулаторната управа за финансиски услуги на Абу Даби во октомври 2017-та година, кој ги објави своите наоди за придонеси за ICO и криптовалути – што ги класифицира како хартии од вредност и стоки.

Апатија кон ICO, со забраните во земји како Кина, се случи околу исто време минатата година. Ова имаше мал бран на влијание, бидејќи другите институции и регулаторните тела ги предупредуваат инвеститорите кои беа во центарот на ризикот поврзани со инвестирањето во ICO. Ова го увиде гувернерот на централната банка на Обединетите Нации, Мубарак Рашид ал-Мансури, и ги предупреди граѓаните против употребата на криптовалути – во услови на страв од нестабилноста и криминалната употреба.

Ова првенствено се должи на соодветниот пад на вредноста на различните криптовалути по Кинеската забрана, како што изјави Ал-Мансури во говорот на Самитот на бордот за исламски финансиски услуги:

“Ризиците од тргување со дигитални валути јасно се појавија кога цените на дигиталната валута драстично опаднаа откако некои земји објавија забрана за користење на ICO.”

Негативната стигма околу ICO се чинеше дека ќе продолжи и во новата година, во услови на севкупно опаѓање на крипто-пазарите по највисоката стапка на вредност во декември. Во САД, Комисијата за хартии од вредност (SEC) го предводеше патот со рационалниот став кон ICOs во февруари 2018-та година.

Владиниот орган на ОАЕ за хартии од вредност и стока (SCA), исто така, ги предупреди локалните инвеститори за својствени ризици поврзани со ICOs. Имајќи предвид дека тие не се регулирани во земјата, инвеститорите немаа средства за правна заштита од измама.

Во обид да се справи со овие проблеми,  Обединетите Арапски Емирати се приближуваат до довршување на нацрт-регулативите за ICOs во земјата. Ова беше објавено во септември 2018-та година, и е предводено од ОАЕ SCA.

Дубаи – Паметен блокчејн град

Во 2016-та година, темелите беа поставени за Дубаи да ги открие компаниите што почнаа да работат на изградување на патот Дубаи да стане блокчејн град до 2020-та година.

Владата на Обединетите Арапски Емирати ја основаше иницијативата Smart Dubai во 2013-та година, амбициозен проект кој бара да се обезбедат најсовремени технолошки иновации низ целата земја, од технологија до владини процеси.

Централен дел од иницијативата е да се подобри ефикасноста на владата со користење на блокчејн технологија, во надеж дека Дубаи ќе стане глобален лидер во оваа сфера. Ова вклучува транзиција кон дигитални системи за барања на виза, исплати на сметките и обновување на лиценци, кои сите овие конечно  се оддалечуваат од традиционалната хартиена документација.

Според Smart Dubai, блокчејн технологијата би можела да редистрибуира до 25 милиони часови економска продуктивност со отстранување на потребата за обработка на хартиените документи. Проектот, исто така, вети дека ќе има корист и туристичката индустрија во Дубаи, бидејќи меѓународните патници ќе имаат брзо следен влез со претходно одобрени пасоши, визи и безбедносни сертификати.

Движењето низ градот, исто така, ќе се подобри со одобрени лиценци за возачи и изнајмување на автомобили, безжично поврзување, како и претходно автентицирани привремени дигитални wallets.

Официјалната Blockchain Strategy  беше лансирана во октомври 2016-та година, во соработка со Seed Fund 1776, во потрага по компании кои градат апликации базирани на блокчејн низ широк спектар на индустрии. Во 2017-та година, Дубаи ја освои наградата City Project за својата блокчејн стратегија, доделена од Smart City Expo и Светскиот конгрес во Барселона.

Во врска со иницијативата Smart Dubai, во април 2018-та година, заменик-претседателот на ОАЕ и премиерот Шеик Мухамед бин Рашид, на крајот ја започнаа пошироката UAE Blockchain Strategy 2021. Во тоа време Шеикот Мухамед рече дека проектот може да ја спаси владата на Обединетите Арапски Емирати до 3 милијарди долари годишно од циркулации на документации, и драстично подобрување на квалитетот на животот и ефикасноста:

“Усвојувањето на оваа технологија ќе се одрази на квалитетот на животот во Обединетите Арапски Емирати и ќе ги подобри нивоата на задоволство за граѓаните. 50 проценти од владините трансакции на федерално ниво ќе бидат спроведени со помош на блокчејн технологијата до 2021-ва година. Оваа технологија ќе заштеди време, напори и ресурси и ќе им овозможи на поединците да ги спроведат повеќето од нивните трансакции навремено што им одговара на нивниот животен стил и работа”

Мухамед Арафат, извршен директор на Apla Blockchain, платформата која помага во интегрирањето на блокчејн технологијата во владините операции на голем број земји, вклучувајќи ги Индија и Обединетите Арапски Емирати, даде изјава од својата перскепктива за актуелната крипто клима во Дубаи:

“Со оглед на визијата што владата на Дубаи ја постави за бидување на “блокчејн главен град” и со заложбата да направи повеќе, ако не и сите блокчејн владини апликации до 2020-та година, Дубаи е една од најпро-блокчејн влади во регионот.”

Во текот на изминатите два месеци, Обединетите Арапски Емирати и Дубаи постигнаа значителен напредок во остварувањето на некои од целите наведени во иницијативата Smart Dubai.

Во партнерство со Одделот за финансии на Дубаи, блокчејн системот за плаќање беше официјално започнат во септември 2018-та година. Системот за помирување и порамнување на плаќања има за цел да им овозможи на владините субјекти како Дубаиската полиција, Управата за патишта и транспорт и Управата за здравство на Дубаи, транспарентен систем за меѓувладини процеси.

Според локалниот медиумски весник Zawya, Управата за електрична енергија и вода во Дубаи и Управата за знаење и човеков развој веќе го користат системот PRS.

Туристичкиот сектор во Дубаи, исто така, се очекува да има корист од блокчејн технологијата. Во март 2018-та година, беа претставени планови за виртуелен business-to-business туристички насочен пазар, кој користи блокчејн. Дубаискиот туристички блокчејн пазар наводно ќе им понуди на туристите платформа со транспарентни цени за достапноста на хотелите во Дубаи.

Од патишта до судскиот систем

Блокчејн технологијата исто така се базира на подобрување на другите области на животот во Дубаи, од улиците на градот до неговите судови.

Така, во февруари 2018-та година, Управата на Дубаи за патишта и транспорт (RTA) ги објави плановите за започнување на систем базиран на блокчејн во 2020-та година, кој ќе го следи животниот циклус на возилата во земјата.

Според медиумскиот весник Arabian Business, претседателот и извршниот директор на RTA, Матар Ал Тајер, вели дека иницијативата треба да биде од корист за речиси секој играч во индустријата:

“Платформата им користи на многу заинтересирани страни, вклучувајќи ги производителите на автомобили, купувачите, регулаторите, осигурителните компании, продавачите, па дури и паркинзите, обезбедувајќи транспарентност и доверба во трансакциите на возилата, спречување на спорови и намалување на трошоците за услуги. Мониторинг на сопственоста, продажбата и бројот на несреќи за да се создадат паметни, поефикасни системи за снабдувачки синџири.”

Во јули, Dubai International Financial Center Courts најавија формално партнерство со Smart Dubai, со цел да се постави “Блокчејн Суд” за да се олеснат подобрувањата во судскиот систем. Овој потегот на крајот ќе создаде блокчејн судство и ќе помогне да се верифицираат судските пресуди за прекугранично спроведување.

Амбициозни програми кои го предводат патот

Земји како Малта и Обединетите Арапски Емирати се чини дека го предводат патот во однос на усвојувањето на блокчејн. Откако ги препознаа многуте придобивки од технологијата, беа направени чекори за активно да имаат предност пред другите земји.

А навидум важен фактор е рамнотежата помеѓу прифаќањето на оваа нова технологија и обезбедување на неопходните правни рамки за да се обезбеди заштита на инвеститорите.

UAE Blockchain Strategy 2021 е јасен показател за напорите што ги направи земјата за да го поттикне развојот на блокчејн и за подобрување на сопственото владеење и квалитетот на животот на луѓето во регионот.

Овој позитивен и проактивен став кон индустријата е доказ за тоа, како што изјави Арафат:

“Jасно е дека Дубаи е лидер во регионот по овој пример на усвојување на блокчејн и крипто.”

Додека Дубаи и Обединетите Арапски Емирати продолжуваат да ја истражуваат и развиваат својата технологија со употреба на блокчејн, како и обезбедувањата упатства за употреба на ICOs и криптовалути, изгледите во регионот на оваа тема се чинат позитивни.

Leave a comment