Државни дигитални валути: Земјите кои го прифатија, отфрлија и истражуваа концептот

На 5-ти јули Германија ја отфрли идејата за издавање на дигитална валута издадена од централната банка (CBDC) – Министерството за финансии сметаше дека ќе биде “премногу ризично” за спроведување на истата.

Концептот на CBDCs или национални дигитални валути – сценарио во кое трендот на дигитални валути се усвојува од страна на федералниот регулатор, во суштина според неговите правила, со централната банка издавајќи fiat пари, а не криптовалути во нивната најпопуларна децентрализирана форма и станува не само регулатор, туку и сопственик на акаунтите на клиентите – привлече многу влади низ целиот свет. Некои од нив веќе ја имплементираа идејата, некои продолжуваат да истражуваат, додека други – како Германија – целосно ја отфрлија идејата. Еве листа на овие земји, заедно со нивните размислувања за / против CBDCs.

Усвојувачи

Сенегал

Сенегал е еден од најраните усвојувачи на национална дигитална валута, откако ја издаде својата eCFA базирана на блокчејн – именувана по францускиот франк CFA, редовната валута на Сенегал – во декември 2016-та година.

Следејќи го концептот на CBDCs, eCFA е целосно зависна од централниот банкарски систем и може да биде издадена само од овластена финансиска институција, иако е развиена одделно: eCFA е создадена како резултат на соработката помеѓу локалната банка Banque Régionale de Marchés ( BRM) и eCurrency Mint Limited, започнувајќи во Ирска, кој им помага на централните банки да создадат свои дигитални fiat валути.

Така, eCFA беше дизајнирана да биде дистрибуирана заедно со хартиените пари како законско средство за плаќање. Во заедничка изјава, BRM и eCurrency Mint тврдат:

“ECFA е дигитален инструмент со висока сигурност што може да се одржи во сите мобилни и е-пари wallets. Ќе обезбеди универзална продажба, ќе овозможи интероперабилност и ќе обезбеди транспарентност за целиот дигитален екосистем во WAEMU.”

Навистина, доколку е ефикасно докажано, ECFA би можела да се префрли во други земји членки на Западно Африканската Економска и монетарна унија (WAEMU), вклучувајќи ги Брегот на Слоновата коска, Буркина Фасо, Бенин, Того, Мали, Нигер и Гвинеа-Бисао.

Тунис

Во 2015-та година, Тунис стана првата земја во светот која издаде национална валута базирана на блокчејн, наречена eDinar – исто така позната како Digicash и BitDinar – како што софтверската компанија Monetas од Швајцарија (чиј извршен директор е вклучен во скандалот Tezos), учествуваше во интегрирањето на технологијата во дигиталната верзија на Тунискиот динар, кој беше создаден порано. Слично на парите во кеш, дистрибуцијата и издавањето на eDinar се прегледува од страна на владино тело – La Poste или La Poste Тunisian (LPT). Извршниот директор на Monetas, Јохан Геверс, даде свој коментар за лансирањето:

“Распоредувањето на Montes во Тунис е првото барање за целосен екосистем на дигитални плаќања. Со ‘La Poste Tunisienne’ Андроид апликацијата поддржана од Monetas, Тунижаните можат да ги користат своите паметни телефони за да направат инстант мобилен трансфер на пари, плаќање на производи и услуги преку интернет, лично да испраќаат дознаки, да плаќаат сметки и да управуваат со документите за идентификација.”

Исто како и криптовалутите, трансакциските трошоци се интегрирани во системот eDinar, иако тие се незначителни бидејќи максималниот износ е ограничен на еден динар.

Маршалски Острови

Маршалските Острови – со број на население од околу 53.000 луѓе – како претседателска република во слободно здружување со САД, го користи американскиот долар (USD) како своја официјална валута. Сепак, од март 2018-та година, има спроведено уште едно законско средство за плаќање: своја криптовалута наречена “sovereign” (SOV). Валутата првпат беше воведена кон крајот на февруари, кога владата – островот немa централна банка – ја усвои Декларацијата и издавањето на законот за  sovereign валутата. Дејвид Паул, помошник-министер на претседателот на Маршалските Острови, изјави за Reuters:

“Како земја, го задржуваме правото да издадеме валута во каква било форма, без оглед дали е во дигитална или fiat форма”.

Понатаму, Паул додаде дека SOV е направен заеднички со Израелскиот fintech стартап Neema и ќе биде јавно пуштен преку ICO. Извршниот директор на Neema, Барак Бен-Езер, изјави за медиумите дека “[SOV] е целосно децентрализирана и владата не може да ги контролира паричните понуди (по ICO)”.

Владата, наводно, го ограничи снабдувањето на SOV на 24 милиони токени за да избегне инфлација.

Венецуела

Во февруари 2018-та година, владата на Венецуела лансираше национална криптовалута наречена Petro или Petromoneda. Првично беше објавено во декември 2017-та година преку телевизија, кога Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека неговата влада планира да издаде криптовалута поддржана од нафтените, златните и минералните резерви на земјата. Во јануари, објасни дека наскоро ќе бидат издадени 100 милиони petros, поддржани со еквивалентен број на нафтени барели. Според Мадуро, голем број fiat валути, вклучувајќи ја и Руската рубља, Кинескиот јуан, Турската лира и еврото можат слободно да се менуваат со Petro.

Валутата беше дизајнирана да ги избегне санкциите на САД кои негативно влијаеја врз локалната економија – како што рече Мадуро, за да се бори против финансиската “блокада” подигната од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Како резултат на тоа, на 19-ти март, Трамп издаде наредба за ефективно ограничување на американските инвеститори да учествуваат во ICO на Petro, кои започнаа на 20-ти февруари. Во март, Николас Мадуро тврди дека биле собрани вкупно 5 милијарди долари за време на препродажниот период – што би го направило тоа една од најголемите ICOs до денес, оставајќи ја 2 милијарди долари Telegram ICO и 1 милијарда долари продажбата на токени EOS зад неа. Покрај тоа, на 21-ви февруари, Мадуро изјави дека земјата се подготвува да лансира уште една “уште помоќна” криптовалута наречена Petro Gold, овој пат поддржана од Венецуелскиот резервар на скапоцени метали.

Petro, наводно, има врски со Русија, бидејќи, според анонимни извори цитирани од натпис во Тime, криптовалутата добива поддршка од Русија уште од 2017-та година, особено поради апелот за заобиколување на западните санкции, исто така, наметнати на земјата. Како што Руската државна банка, наводно, изјави за публикацијата, “Луѓе блиски до Путин, му рекоа дека ова е начинт да се избегнат санкциите”.

На 27-ми март, овие тврдења беа одбиени од Константин Вишковски, шеф на одделот за државен долг на Руското министерство за финансии.

Во поновите вести, Мадуро го објави лансирањето на крипто-банка финансирана од Petro, за да ги поддржи иницијативите на младите и студентите, додека Венецуелскиот министер за социјала, Илдемаро Виљароел изјави дека Petro ќе се искористи за финансирање на изградба на куќи за бездомници.

Отфрлувачи

Еквадор

Еквадор е една од пионерските земји во однос на усвојувањето на CBDC. Земјата објави своја електронска валута (dinero electrónico, или DE) во 2014-та година. До февруари 2015-та година, таа делуваше како функционално средство за плаќање, овозможувајќи квалификувани корисници да префрлаат пари преку мобилна апликација.

Еквадорската влада нагласи дека CBDC беше издаден за да го поддржи монетарниот систем базиран на доларот – Еквадор почна да ги прифаќа американските долари како законско средство во септември 2000-та година, надевајќи се дека ќе постигне економски раст – а не да го собори. Економистот Диего Мартинез, делегат на Претседателот на Републиката на Одборот за регулатива и монетарна и финансиска политика, им пренесе на CNBC дека dinero electrónico ќе помогне во намалувањето на нивоата на сиромаштија и различните трошоци на владата, бидејќи земјата троши повеќе од 3 милиони долари за размена на влошените стари пари за нови долари годишно.

Сепак, валутата на крајот не успеа. На 26-ти март оваа година, локалниот весник El Universo објави дека системот ќе биде целосно деактивиран на 31-ви март, целосно затворајќи ги сите сметки, и потоа во декември 2017-та година, националното собрание на Еквадор донесе закон за укинување на електронскиот паричен систем на централната банка и outsource -платежниот систем на приватните банки.

Како што напишал Лоренс Џ.Вајт , професор по економија на George Mason University, во неговата статија за Cato Institute, главната причина тоа била неможноста да се привлечат доволно корисници – беа отворени вкупно 402.515 сметки од кои само 41.966 некогаш биле користени за купување производи или за плаќање; 76.105 биле искористени само за да испраќаат и да преземаат пари; а преостанатите 286.207 сметки (околу 71%) што беа отворени останаа постојано неактивни, во суштина поради тоа што луѓето не сакаа да прифатат друга валута – навикнати на американскиот долари – и не му веруваа на BCE како институција.

Естонија

Естонија размислува за отворање на CBDC наречена Estcoin. Сепак, таа се откажа од идејата по критиките на ЕУ регулаторите. Овој концепт првпат го претстави претседателот на Естонската програма за е-residency, Каспар Корјус. Валутата требаше да им помогне на Естонските граѓани да ги заведат своите документи од било каде во светот, меѓу другото. Меѓутоа, откако вестите стигнаа до Марио Драги, претседателот на Euro Central Bank, тој брзо посочи дека таквите валути не се дозволени во рамките на законодавството на еврозоната. Тој изјавил:

“Ниедна земја-членка не може да воведе сопствена валута; валутата на еврозоната е еврото. ”

По изјавата на Драги, владата на Естонија, наводно, го запрела развојот на Estcoin, што неодамна го потврди Сиим Сикут, претставник на IT стратегијата на земјата. Сепак, токените на Estcoin ќе се користат како “поттик” во “заедницата на е-residency”, додаде Сикут.

Швајцарија

И покрај тоа што Швајцарија е прогласена за најпријателски крипто и блокчејн ориентирана земја во Европа, таа неодамна ги сподели своите сомнежи во врска со корисноста на CBDC. На 21-ви јуни, директорот на одборот на Swiss National Bank (SNB), Томас Мосер, изјави дека криптовалутите и блокчејн не се доволно иновативни за издавање на државна дигитална валута поддржана од владата. Говорејќи на Крипто Долината (Crypto Valley) блокчејн и крипто конференцијата  во Цуг – исто позната како “Crypto Valley” – Мосер го спореди блокчејн во својата сегашна состојба со “бескорисни иновации” како ЦД-та, тврдејќи дека криптовалутите само имитираат веќе постоечки производи – како што се “дигитални акции, обврзници, ваучери”:

“Нешто слично ќе  се случи со биткоин. Луѓето ќе се префрлат само на нешто ново ако работи подобро или е поевтино”.

Пред тоа, во мај, Федералниот совет на владата на Швајцарија побара извештај за ризиците и можностите за воведување на дигитална валута поддржана од владата. Идејата за развивање национална криптовалута беше предложена во февруари од страна на Ромео Лахер, претседател на Швајцарската берза SIX, кога расправаше дека “е-franc под контрола на централната банка ќе создаде многу синергии – така што тоа ќе биде добро за економијата”.

Хонг Конг

Хонг Конг има многу појасен став во однос на CBDC во споредба со Кина: На 30-ти мај, нивната влада издаде соопштение за медиумите во кое се вели дека Хонг Конг во блиска иднина нема да издаде дигитална валута на централната банка (CBDC), наведувајќи го постоењето на веќе ефикасна платежна инфраструктура. Изјавата ја дадоа Џозеф Чан, вршител на должноста секретар за финансиски услуги.

Во суштина, Чан тврди дека Комисијата за исплаќања и пазарни инфраструктури – агенција составена од членови на People’s Bank of China (PBoC) и Монетарната управа на Хонг Конг (HKMA) – и Пазарниот комитет (MC) на Bank for International Settlements заеднички ги проучувале потенцијалните ефекти од CBDC. Конечно, нивниот извештај покажа дека “во моментов предложените имплементации на CBDC за целовкупно плаќање изгледаат во голема мерка слични, а не јасно супериорни во однос на постојните инфраструктури.”

Весникот, исто така, тврдеше дека сите бенефиции на CBDC може да се ограничат поради постоењето на ефикасни приватни производи за плаќање на мало, во суштина правејќи CBDC “субјект кој бара понатамошни студии и повеќе proof-of-concept работење за да се утврди неговата изводливост како апликација за плаќање.”

Јапонија

Во април, централната банка на Јапонија, земјата каде биткоин е признаен како официјално средство за плаќање, ја отфрли идејата за CBDC, бидејќи заменик-гувернерот Масајоши Амамија изјави дека таквите валути можат да имаат негативно влијание врз постојниот финансиски систем.

Заменик-гувернерот истакна дека CBDC “поттикнуваат глобална дискусија за тоа во колкава мера централните банки треба да ги обезбедат своите инфраструктури на плаќања и договори  во општеството”, истакнувајќи:

“Издавањето на дигитални валути на централната банка за општа употреба би можело да биде аналогна на тоа што им овозможува на домаќинствата и фирмите директно да поседуваат сметки во централната банка. Ова може да има големо влијание врз споменатиот двостепен валутен систем и финансиското посредување на приватните банки.”

Германија

Најновата земја за отфрлање на идејата за CBDC е Германија. На 5-ти јули, Германското сојузно министерство за финансии изјави дека издавањето CBDC би било премногу ризично за спроведување, како одговор кон пратеникот Герхард Шик од Green Party.

“Досега не постојат убедливи причини за издавање дигитални пари на централната банка за широк спектар на корисници во Германија и во еврозоната”, објави бизнис-весникот Handelsblatt цитирајќи го соопштението на Министерството.

Министерството понатаму тврдеше дека потенцијалните придобивки од CBDC – во главно банките со брз трансфер – исто така може да се постигнат и на други начини. На кратко, управништвото тврди дека CBDC вклучуваат “голем број на ризици кои се уште не се добро разбрани”.

Другите стравови изразени од страна на Министерството вклучуваат централна банка која ја загрозува нејзината независност – бидејќи наводно ќе добие посилна позиција во финансискиот систем со издавање на криптовалути – и кризното сценарио во кое централната банка банкротира побрзо и во поголем обем поради пониски трансакциски трошоци, заедно со класичните: загриженост за AML и финансирање на тероризам.

Експериментатори

Уругвај

Очигледно, Уругвај направи најголем напор во однос на другите земји за тестирање на концептот на CBDC. Во ноември 2017-та година, централната банка на Уругвај (BCU) претстави шестмесечен тест-план за издавање и користење на дигиталната верзија на Уругвајскиот пезос. Агенцијата истакна дека “[тоа] не е нова валута, истиот уругвајски пезос, кој, наместо да има физичка поддршка, има технолошка поддршка”.

Според шемата – датумот на отпочнување не беше наведен во соопштението за печатот – вкупно 10.000 корисници на мобилни телефони на ANTEL, државната телекомуникациска компанија, ќе ја преземат апликацијата со вграден дигитален wallet. Првиот број на дигитални билети се состои од 20 милиони Уругвајски пезоси, се вели во извештајот.

Другите учесници кои учествуваат во тест-програмата, покрај BCU и ANTEL, се RGC, системскиот оператор; IBM, како поддршка за складирање, циркулација и контрола; IN Switch, за управување со корисници и трансфери; и RedPagos, за издавање билети.

Шефот на BCU изработи план, додавајќи дека Уругвај “е во првите борбени редови” за развој на виртуелни валути:

“Тоа ќе биде процес на обиди и грешки, успеси и неуспеси […] Тоа мора да ја има истата сигурност како и нормалната валута, но порано или подоцна ќе се спроведе и во Уругвај”.

Дубаи

Во септември 2017-та година, владата на Дубаи објави дека Emcredit, подружница на Dubai Economy, ќе соработува со стартапот Object Tech Grp Ltd со седиште во Велика Британија, за да создаде “шифрирана дигитална валута” наречена emCash. Сепак, не беше објавен ниту еден конкретен временски рок, што укажува дека проектот е во нацрт фаза.

Според Али Ибрахим, заменик генерален директор на Dubai Economy, токенот ќе се смета за законско средство за “разни владини и невладини услуги, од нивните дневни трошоци за кафе па се до комуналните трошоци и паричните трансфери”.

Официјалното соопштение за медиумите ги наведува “побрзото процесирање, подобреното време за испорака, намалената комплексност и намалените трошоци” како потенцијални предности на криптовата валута.

Иран

Во април 2018-та година, неколку дена по забраната на локалните банки на сите крипто-зделки, ирански владин министер потврди дека е развиен експериментален модел на домашна дигитална валута. Според Reuters, министерот за информатичка и комуникациска технологија (ICT), Мохамед Џавад Азари-Јахроми, изјави:

“[Забраната] на централната банка не значи забрана или ограничување на употребата на дигиталната валута во домашниот развој […] Минатата недела, на заеднички состанок на кој се разгледуваше напредокот на проектот [домашна криптовалута], беше објавено дека експерименталниот модел е подготвен “.

Имено, Азари-Јахроми не разјасни дали локално развиената дигитална валута на крајот ќе биде достапна за јавноста, ниту пак, дали таа ќе биде издадена од Post Bank- од кои 51% е во сопственост на владата – или од друг државен орган.

Веста за експерименталната Иранска криптовалута може да биде поврзана со извештајот што сугерира дека Иран и Русија би можеле да почнат да користат криптовалути за да ги избегнат западните санкции. Во мај, Мохамад Реза Поуребрахими, шеф на Иранската парламентарна комисија за економски прашања, се осврна на криптовалутите како ветувачки начин за двете земји да ги избегнат трансакциите на американскиот долар, како и можното заменување на меѓубанкарскиот платежен систем SWIFT.

Сингапур

Сингапур, наводно, напредувал во експериментирањето со дигитална валута на централната банка (CBDC), иако најверојатно тоа нема да биде јавно. Во јуни 2017-та година, Монетарната управа на Сингапур (MAS) објави извештај во врска со таканаречениот ” Project Ubin”, план поддржан од блокчејн, за да се стави “токенизирана форма на Сингапурскиот долар (SGD) на [приватен Ethereum блокчејн]”. Проектот е соработка помеѓу централната банка и блокчејн конзортиумот R3, фокусиран на развојот на блокчејн тест за олеснување на прекуграничните плаќања.

Сепак, во јануари 2018-та година, Рави Менон, извршниот директор на МАS, ја критикуваше идејата за CBDC, особено во јавност. Во интервјуто за Financial Times, тој изјави:

“Зошто централната банка би сакала [да издаде дигитална валута за небанкарската јавност]? Ако има чувство на неспокој во врска со банките, ќе имате банкарски рок; сите ќе одат во централната банка [со нивните депозити] […] И, ако луѓето ги пласираат своите депозити на централните банки, кој ќе им го продолжи кредитот?”

Истражувачи

Канада

Во ноември 2017-та година, Bank of Canada објави извештај насловен како “Дигитална валута на Централна Банка: Мотивации и импликации”, ко-автор на истиот е вработен во одделот за валути. Иако таков весник не мора да претставува официјален став на Bank of Canada  во поглед на CBDC, тој јасно покажува интерес на управништвото.

Накратко, документот тврди дека, како што општеството се движи кон тоа да стане безготовинско, основниот извор на приходи на централната банка, seigniorage – т.е. профитот направен од печатење повеќе пари – станува компромитиран. CBDC, за возврат, му овозможува да го одржи сегенерирањето преку создавање на дигитални пари. Покрај тоа, извештајот на Bank of Canada  го споменува недостатокот на надоместоци за трансакции и финансиска вклученост како други потенцијални придобивки од CBDC, но ја истакна анонимноста како “непожелна за дигиталната валута на централната банка”. Весникот заклучува дека потребни се повеќе истражувања за да се одлучи дали Bank of Canada  треба да имплементира CBDC.

Кина

People’s Bank of China (PBoC) го истражува концептот на CBDC веќе подолго време – за оваа цел беше формиран специфичен истражувачки институт наречен “Лабораторија за истражување на дигитални валути”. Сепак, се чини дека земјата не се брза да издаде национална дигитална валута. Во март, гувернерот на PBoC Џоу Ксиаочуан, изрази внимателна став на банката во врска со ова прашање:

“Ако [блокчејн технологијата] се шири премногу брзо, тоа може да има големо негативно влијание врз потрошувачите. Исто така, може да има непредвидливи ефекти врз финансиската стабилност и преносот на монетарната политика “.

Џоу, исто така, изјави дека дигиталната валута во крајна линија ќе го намали протокот на готовина, нагласувајќи дека PBoC “мора да спречи значителни и непоправливи штети” на домашната економија. Сепак, според China Daily, тој исто така тврди дека развојот на дигиталната валута е “технолошки неизбежен”.

Неодамна, во јуни, “Лабораторијата за истражувања на дигитални валути” на PBoC поднесе нов патент за дигитален wallet кој ќе им овозможи на корисниците да ја следат историјата на нивните трансакцискии.

Израел

Израел размислува да издаде национална криптовалута – дигитален шекел што соодветствува на вредноста на физичките шекели  – според првите извештаи во врска со ова прашање што почнуваа да се појавуваат во декември 2017-та година.

Тогаш, извори блиски до Министерството за финансии, сугерираат дека издавањето дигитална валута би било наменето за Израелскиот црн пазар, што претставува околу 22%  од бруто-домашниот производ на земјата. Дополнително, Knessel – законодавната гранка на Израелската влада – планира да го намали износот на физички пари во економијата во изминатите неколку години.

Владата, наводно, го подготви “Законот за економско уредување”, кој, ако биде усвоен, ќе создаде посебна комисија за Bank of Israel да размисли за создавање на дигитален шекел.

Шведска

Во декември 2017-та година, Шведската централна банка (Riksbank) објави акционен план за втората фаза од проектот “е-Крона”. “Е-Крона” се дефинира како “општо електронско платежно средство” и како “дополнување на готовина”. Исто така се забележува дека Riksbank сѐ уште нема донесено одлука дали да издаде e-Крона и целта не е за е-Крона да ја замени готовината.”

Навистина, главната причина за тоа дека Riksbank ја лансира “е-Крона” е падот на популарноста на готовината во земјата. Централната банка спроведе бројни истражувања – кои поради некоја причина повеќе не се достапни на интернет, од кои првото беше издадено уште во септември 2017-та година.

На кратко, доколку е имплементирано, е-Крона би можела да функционира под два система: еден базиран на вредност и еден регистриран. Втората верзија ќе има биланси на дигитални валути кои се складирани во сметките на централната база на податоци – наводно поддржани од блокчејн – додека e-Крона ќе се чува одделно на “депозитни валутни сметки”. Изгледите за Riksbanks да пуштат CBDC се значително високи , со оглед на темпото на кое тие се движат да станат првото светско безготовинско општество.

Норвешка

Според мајските извештаи, централната банка на Норвешка, Norges Bank (NB) размислува да развие сопствена дигитална валута како додаток на готовина за “да обезбеди доверба во парите и во монетарниот систем”.

Работната група на NBB подготви истражување за различни аспекти на CBDCs. Неговите автори укажаа на најмалку три можни намени на CDBC: воведување сигурна алтернатива на депозитите во приватни банки, соодветно законско средство како додаток на готовина и независно резервно решение за системите за електронско плаќање. Гувернерот на Norges Bank, Ојстеин Олсен елаборирал:

“Падот на готовинската употреба нè поттикна да размислиме дали на некој иден датум ќе бидат потребни голем број нови атрибути кои се важни за обезбедување на ефикасен и стабилен систем на плаќање и стекнување на доверба во монетарниот систем”.

Во извештајот се наведува дека CBDC може да им обезбеди на клиентите алтернативни начини за чување на средства. Norges Bank, исто така, истакна дека CBDC не смее да го попречува системот за обезбедување на кредитни услуги, додавајќи дека ќе продолжи да печати готовина се додека постои побарувачка за тоа. Имено, работната група ја завршила почетната фаза на простудирањето на CBDC:

“Прерано е да се заклучи дали Norges Bank треба да преземе иницијатива за воведување на CBDC. Влијанието на CBDC – и социо-економската анализа на трошоците и придобивките – ќе зависи од специфичниот дизајн. Дизајнот, пак, ќе зависи од целта за воведување на CBDC. ”

Тајланд

На 5-ти јуни, Bank of Thailand (BoT) се придружи во редот на земјите кои размислуваат да издадат сопствени криптовалути, бидејќи гувернерот на BoT Вератаи Сантипрабхоб откри детали за нов проект во кој централната банка ќе се здружи со други тајландски банки за да развие “нов начин за спроведување на меѓубанкарско договор “со користење на CBDC.

Според BoT, издавањето на сопствена криптовалута ќе ги намали трансакционите трошоци и времето на валидација ” поради помал процес на посредување потребен во споредба со сегашните системи.”

Сепак, Сантипрабхоб забележал дека банката не дава приоритет на усвојувањето на CBDC, туку се фокусира на истражување на потенцијалот на технологијата. Гувернерот на банката посочи дека нивната финансиска институција не е само “овозможувач на иновации”, туку “регулатор за заштита на финансиската стабилност”:

“Како и на другите централни банки, нашата цел не е веднаш да се донесе CBDC во употреба, туку да се истражи нејзиниот потенцијал и импликациите за работењето”.

Велика Британија

Во мај, Bank of England го истакна својот став за CBDC во два работни документи за вработените. Прво, централната банка издаде истражување за анализа на различни ризици поврзани со CBDCs. Особено се откри дека, по првичната апроксимација, нема причина да се верува дека воведувањето на CBDC би имало негативен ефект врз приватниот кредит или врз вкупниот тек на економијата.

Друг документ за работниот персонал сугерира дека CBDC ќе го загрози тековниот профитабилен бизнис модел што го користат комерцијалните банки – имено складирањето на готовинските средства на поединците и корпорациите. Овозможувајќи ја “радикалната идеја” дека на јавноста може да им се даде можност да ги чуваат своите пари во централната банка во форма на дигитални валути на централната банка и беспрекорно да ги пренесуваат своите пари, со користење на digital wallets, истражувањето предупредува дека таквото сценарио може да има критични последици за комерцијалниот банкарски сектор:

“Банките може да бидат предмет на одлив на депозити на мало, особено во сценарио на финансиски стрес.”

На 25-ти мај, гувернерот на Bank of England, Марк Карни, изјави дека е отворен за можноста за спроведување на CBDC, но истакна дека било какво усвојување на CBDC нема да се случи во скоро време.

Leave a comment