Додека партнерите на Libra се двоумат, новодојденци го “преплавуваат” проектот

Додека проектот Libra на Facebook тврди дека има “поплава” од интерес за нејзе, барем неколку од неговите партнери се чини дека се попретпазливи.

Новата монета, која е често во медиуските наслови откако беше објавена минатата недела, ја испромовира групата од 28 членови основачи кои се зафатија да соработуваат со Facebook за развојот на криптовалутата, како една од нејзините најголеми продажни точки.

Сепак, според New York Times, се чини дека не сите партнери се желни како другите. Статијата истакна дека партнерските компании потпишале необврзувачки договори со Facebook и дека многу од нив го сториле тоа, знаејќи дека не се обврзани да ја “користат или промовираат” монетата.

Анонимните извршни директори на седум компании наводно изјавија за весникот дека ќе биде лесно да се повлечат ако не им се допадне целата ситуација. Како што претходно беше објавено од крипто медиумите, Facebook монетата се соочува со многу регулаторни пречки, што е она што најмногу ги заплашува некои од нејзините партнери. Сега, Facebook и Libra се договорени за две сослушувања во јули во САД.

Според белата книга на Libra, тие се надеваат дека ќе имаат приближно 100 членови во Libra Association како нивна цел до првата половина на 2020-та година. Исто така, за да се приклучат кон Асоцијацијата, компаниите се должни да платат најмалку 10 милиони долари, што исто така им дава право да станат еден од валидаторските јазли кои ја имаат “крајната моќ” во донесувањето одлуки околу проектот.

Меѓутоа, како што е наведено од New York Times, парите сè уште не се платени.

Според извештајот, некои партнери изјавија дека ќе одлучат дали да платат и да се приклучат на новата Libra Association откако ќе се појаснат повеќе регулаторни предизвици.

Како одговор на тоа, портпаролот на Facebook, Данте Диспарти, изјави дека компанијата забележале “поплава од интерес од различни компании” по објавувањето на монетата минатата недела. Тој додаде дека Libra Association “најверојатно ќе има листа на чекање” за компаниите кои сакаат да бидат меѓу 100-те членови со кои планираат да започнат кога монетата ќе биде лансирана следната година.

Libra Association: Основачки членови

Подолу е иницијалната група од 28 организации кои ќе работат заедно на финализирање на повелбата на здружението и да станат “основачи” по нејзиното завршување:

Плаќања: Mastercard, PayPal, PayU, Stripe, Visa

Технологија и пазари: Booking Holdings, eBay, Facebook/Calibra, Farfetch, Lyft, MercadoPago, Spotify AB, Uber Technologies, Inc.

Телекомуникации: Iliad, Vodafone Group

Блокчејн: Anchorage, Bison Trails, Coinbase, Inc., Xapo Holdings Limited

Ризичен капитал: Andreessen Horowitz, Breakthrough Initiatives, Ribbit Capital, Thrive Capital, Union Square Ventures

Непрофитни и мултилатерални организации и академски институции: Creative Destruction Lab, Kiva, Mercy Corps, Women’s World Banking

Leave a comment