Дневните Етереум трансакции надминуваат еден милион, првпат од мај 2018-та година

Дневните трансакции регистрирани на Етереум мрежата завчера, 28-ми јуни, од мај 2018-та година за првпат надминаа еден милион, според податоците што ги објави водечкиот Етереум блок-истражувач, Etherscan.

Според податоците на Etherscan, на 28-ми јуни, беа потврдени 1.004.170 трансакции на Етереум блокчејнот. Пред тоа да се случи завчера, последен пат Етереум синџирот да регистрира над еден милион дневни трансакции, беше во мај 2018-та година. Сепак, сегашното ниво се уште е значително пониско од 1,349,890 дневни трансакции регистрирани на 4-ти јануари минатата година.

Оn-chain трансакциската вредност на Етереум достигна највисоко ниво на месечна трансакција во декември 2018-та година. Во тој месец се регистрирани 115 милиони трансакции кои се потврдени на ланецот, највисоко досега со исклучок на активноста по hard fork предизвикана од DAO хакерскиот напад во 2016-та година.

Како што објави крипто-аналитичката фирма Diar во тоа време, обемот на Eтереум на децентрализирани апликации (DApps) достигна ново ниво во април со 776.000 ЕТH. На крајот од април, индустрискиот медиум Diar, исто така, истакна дека трансакциите на биткоин (BTC) месецов достигнуваат свежи високи нивоа невидени уште од 2017-та година.

Ветеранскиот трговец и автор Питер Брант предвиде нова пазарна прогноза дека Биткоин (BTC) ќе продолжи да расте, но altcoins како Етереум нема да ги почувствуваат придобивките.

Leave a comment