Дигиталната валута поддржана од Владата на Дубаи ќе добие свој сопствен систем за плаќање

Потрошувачите во Дубаи наскоро ќе можат да користат дигитална валута за да платат за стоки, услуги и заработки по новото владино партнерство, се вели во соопштението за печатот во вторникот, 9-ти октомври.

Договорот помеѓу emcredit, подружница на Одделот за економски развој во Дубаи, провајдерот за блокчејн плаќање Pundi X и партнерот Ebooc Fintech & Loyalty Labs LLC, ќе ги олесни point of sale (PoS) плаќањата со emcash валутата на emcredit.

Ebooc ќе обезбеди PoS терминали за in-store плаќање, додека Pundi X планира да пушти 100.000 единици на глобално ниво во текот на следните три години, се вели во соопштението за печатот.

Emcash е поврзан со fiat валутата на Обединетите Арапски Емирати (UAE), дирхам.

“Ние […] предвидуваме потрошувачите во Дубаи да можат да вршат плаќања во реално време користејќи ја дигиталната валута на Дубаи за сите нивни потреби како плаќање за шопинг, плаќање на надоместоци итн”, Абдала Ал Шамси, извршен директор на DFP и ко-основач на Ebooc коментираше во соопштението за печатот.

Дубаи продолжува да се позиционира како блокчејн иноватор на државно ниво, со повеќекратни шеми како дел од неговата цел да стане целосен блокчејн град до 2020-та година.

Плановите за промовирање на emcash првпат се појавија во септември минатата година, со целосни детали за платната мрежа која ќе следи подоцна оваа финансиска година.

Pundi X, пак, стана фокус на несакано внимание во јуни, откако хакери украле 2,6 милијарди токени од NPXS од Јужнокорејската крипто платформа за размена Coinrail. Во јули, Bancor објави уште еден безбедносен упад што резултираше со губење на уште 300.000 Pundi X токени.

Leave a comment