Девелопер ја комплетираше “Off-Life” Off-Grid крипто-трансакцијата за пост-апокалипсата

Девелоперот познат како “Даниел Џонс” на Twitter тврди дека има завршено крипто-трансакција со помош на соларна енергија, користејќи кратки радиобранови и блокчејн, објави The Next Web во вторникот, 18-ти септември.

Проектот, наводно, беше измислен како одговор на предизвикот CallForCode, кој ги предизвикува технолошките иноватори да импровизираат со постојните алатки за да најдат олеснувачки решенија за природни катастрофи.

Off-grid трансакцијата беше завршена на блокчејн мрежата со отворен код “Burst” и вклучува само пренослив хард диск, соларна батерија и кратки радиобранови, како еден од проектите откриени на во твит на 15-ти септември:

“Со голема чест ви ја претставувам првата $burst радио трансакција. Соларно напојување, mesh net, и on chain. https://explore.burst.cryptoguru.org/transaction/17490887355364942154“.

Девелоперот – познат како Daniel Jones на Twitter или nixops на reddit – го нарече проектот “Proof-of-Life ” и објасни дека тоа подразбира едноставна, верификувана трансакција од wallet до wallet или порака дизајнирана за да го потврди нечиј опстанок во случаи на екстремна опасност или катастрофа:

“Трансакцијата … беше мулти факторска верификација на Proof of Life …. за време на катастрофа … може да има случаи каде што можеби ќе треба да потврдите нечив идентитет, без да може да ги видите …. wallet-от му бил доделен на некој кој испратил трансакција со надоместок за да му покаже на target wallet-от дека личноста е “жива”. Ова ни дава некои нивоа на сигурност, wallet seed, познат target wallet и износ + надоместок или содржина на пораката.”

Џонс додаде дека “во воена разрушена околина можеби нема да сакате да ја откриете локацијата, па во овој случај сè уште може да испратите порака и да не ја откривате [но сепак] да ги известите своите најблиски дека сте во ред”.

Како што нагласи Џонс, користењето на аматерско радио бара лиценца од FCC, а девелоперот одлучи да не го открие лиценцираниот оператор кој го овозможил експериментот.

Како што претходно беше објавено, употребата на крипто за хуманитарна помош беше признаена од агенциите, вклучувајќи го и УНИЦЕФ, кој оваа година апелираше до компјутерските гејмери да ги користат нивните моќни процесори за да фармаат Ethereum (ETH) и да генерираат приходи кои ќе бидат донирани за деца во воено разурнатата Сирија. Во јануари 2017-та година, УНИЦЕФ го презентираше и “Donercoin” на London Blockchain Week, програма заснована на блокчејн и насочена кон создавање на транспарентност во глобалната помош преку дигитализација на донациите.

 

Leave a comment