Два стартапа склучија партнерство за да овозможат купување на Amazon со Eтереум

Два стартапи фокусирани на блокчејн се здружуваат за да овозможат купување на Amazon со етереум.

Во соопштението за печатот објавено во петокот, фирмата за крипто плаќања CLIC Technology соопшти дека соработува со снабдувачот на блокчејн инфраструктура и B2B платформата Opporty за развивање на нешто слично како апликациска екстензија за пребарувач овозможувајќи им на корисниците на Amazon да платат за предмети во етер (ETH) токен, иако Amazon не прифаќа криптовалути.

Напорите ќе бидат базирани на Plasma Cash, технологија која минатиот март ја спомна основачот на етереум Виталик Бутерин. Opporty – решение за скалирање на плаќањата слично на lightning network на биткоин – “ќе ја донесе денешната економија на криптовалути еден чекор поблизу до станување реалност”, изјавија CLIC во соопштението.

Имплементацијата на Plasma Cash “драматично ќе ги забрза” трансакциските брзини, кога ќе се споредат со оние на блокчејнот на етереум, додаде фирмата.

“Доведувањето на криптовалути на пазарот за е-трговија е спојување на две индустрии од следната генерација”, изјави Роман Бонд, извршен директор на CLIC Technology. “Ние сме многу возбудени да работиме на овој проект со Opporty и да продолжиме на голем број други амбициозни проекти со нив”.

Во иднина, двете компании планираат да изградат слични производи за плаќање и со други криптовалути, наведувајќи ги ERC-20, ERC-721 и други стандарди за етереум како опции кои во моментов се разгледуваат.

CLIC Technology развива платформа за криптоплаќање наречена CLICPay, која според соопштението сега е во тест фаза.

Leave a comment