Дали малите компании би ги победиле големите корпорации ако почнат да користат блокчејн?

Американски стартап гради блокчејн агностички протокол, во обид да им обезбеди на малите бизниси пристоен пристап до нови технологии, и да го придвижат масовното усвојување на блокчејн и криптовалути.

Opporty, со искусни основачи од САД, исто така, воспостави “доверлив и проверен пазар на услуги” на блокчејнот на Ethereum, со функции како што се паметни договори, децентрализирани складишта и lead generation. Компанијата верува дека нивната платформа им помага на малите и средни претпријатија (SMEs) да се натпреваруваат со големите корпорации, без да бараат големи инвестиции во технологијата и маркетингот.

Широка покриеност

До сега,  Opporty ги започна локализациите на својата платформа во Кина, Велика Британија, Канада, САД и Австралија. Како што објави компанијата во моментов има околу 10 регистрирања на ден, од страна на нови провајдери на платформата. “Затоа, ние забележуваме дека малите и средните претпријатија се подготвени да растат и да имаат корист од Opporty, он-лајн пазар кој се грижи”, додаде претставникот на компанијата.

Првите провајдери веќе се регистрираа

Во почетокот на 2018-та година, Opporty стекна два нови клиенти во Њујорк. Двата нудат можности за крипто плаќање на нивните веб-страници.

Universal Accounting Systems, ја користат платформата на компанијата за да им овозможат на своите клиенти да платат со Биткоин и Ethereum за подготовка на даноци и други услуги.  Го користат паметниот график на Оpporty за да им понудат на своите клиенти едноставен преглед на своите услуги и им овозможува да плаќаат со криптовалути.

Хадсон Law Group, централна фирма на чело со Дејвид Treyster, има објавено некои кориснички крипто-базирани понуди за своите клиенти со користење на пазарот Opporty. Исто така го користи паметниот елемент и веќе започнал да прима крипто транзакции преку него.

Компанијата вели дека износот на снабдувачи со седиште во САД кои се регистрирале на платформата е зголемен. Австралиската верзија, која неодамна беше пуштена, веќе има нови провајдери кои прифаќаат крипто плаќања, вклучувајќи го и OPP, токенот на компанијата.

Widgets на Оpporty им овозможуваат на корисниците да примаат плаќања од клиенти. Компаниите кои ги навеле своите крипто-базирани понуди во Оpporty, добиваат smart widgets на нивните веб-страници. Откако ќе се постави widget-от, потрошувачите можат да изберат неколку опции за плаќање, вклучувајќи ги и ЕТH и BTC.

“Сопствениците на малите бизниси сега сфаќаат дека криптовалутите може да им овозможат да бидат чекор понапред во однос на нивната конкуренција”, објави основачот на Opporty, Сергеј Грибњак. Opporty им овозможува на секој да користи криптовалути и придружните придобивки од блокчејн, без да ја имаат совладано претходно основната технологија, додаде претприемачот.

Plasma Protocol  на Оpporty

Во март 2018-та година, тимот на Оpporty одлучи да го имплементира Plasma Protocol на Ethereum за “решавање на проблемите со довербата во деловните трансакции и недостатокот на приватноста во традиционалните блокчејн решенија”. Првата backend верзија на Plasma решението на Opporty им овозможи на корисниците да обработуваат околу 5.000 трансакции во секунда, изјавија од компанијата.

“Тогаш решивме да изнајдеме сопствено решение за Plasma Cash, технологија за подобрување на Plasma Protocol. По неуморна работа, нашите програмери успеаја да ја подобрат технологијата за да го постигнат највисокиот јавен тест, што беше повеќе од кога беше Alipay на врвот”, објави тимот на Opporty.

B2B платформата на Opporty им овозможува на операторите да ги прикажат своите понуди на пазарот на B2B на начин по таргети, да испраќаат барања за предлози, да добиваат понуди и да извршуваат зделки.

Компанијата тврди дека ги решава проблемите со довербата и одржливоста помеѓу договорните страни преку складирање на податоци за деловни трансакции, вклучувајќи и квалитетот на трансакцијата, на блокчејнот. Им овозможува проверка и валидација на веродостојноста на другата договорна страна преку спроведување на Plasma Protocol. Со овие бенефиции ја обезбедува позицијата на Opporty како сигурна опција за домашни и прекугранични трансакции со помош на криптовалути, што може да се користи во управувањето со ризикот на синџирот на снабдување, корпоративните трансакции и владините набавки. PoE протоколот овозможува интеграција со други платформи со блокчејн основа.

Големи достигнувања

Проектот Opporty постојано добива нови надградби и карактеристики, како што се BLS threshold signatures и Delegated Proof of Stake, zk-SNARKs.

Токму сега Opporty е во својот бета развој, со MVP (Minimum viable Product) веќе достапен за примена и употреба. Oтворениот код е објавен на GitHub.

Оpporty е член на China Cooperative Trade Enterprise Association, а компанијата ја советува г-дин Даниел Ву, кој е заменик-директор на ne Belt One Road Development center.

Во април 2018-та година, Opporty се приклучи на Enterprise Ethereum Alliance (EEA), најголемата иницијатива за блокчејн софтвер со отворен код во светот. ЕЕА е непрофитна организација која ги поддржува најдобрите практики базирани на Ethereum и целата индустрија.

Компанијата е горда да биде партнер на InfiniVision Network Technology (Шангај) во областа на big data и блокчејн интеграции.

Во 2018-та година, Оpporty има постигнато две Bronze Awards, позната награда меѓу претприемачите и иноваторите. Го освои Stevie International Business Competition во следните номинации: Компанија на годината – Бизнис или професионални услуги – Мала категорија и категорија за онлајн маркетинг кампања за годината.

Разбирањеto дека онлајн пазарот може да биде нешто повеќе од само бизнис-производ, Оpporty стана учесник во UN Global Compact. Како учесник во оваа иницијатива, тимот на Оpporty спроведува истражувачка работа во областите на решавање на проблемите со сиромаштијата и невработеноста.

OPP, токенот на компанијата, е веќе достапен на неколку берзи, а листата постојано се апдејтира.

Leave a comment